Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Звук Осврти

Дивиот галоп на „коњите“

Balkan Horses Band


/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Скопскиот концерт на Balkan Horses Band, како дел од актуелната себалканската промоција на проектот, ја возобновува идејата за поагресивна атака на уметниците од овој традиционално пребогат музички дел од светот врз глобалното созвучје. Од таму историчноста на дадениов момент умно може да се воздигне до немајкаде или да биде пеплосана заради тврдите уши на „шнајдерите“ од белосветскиот дискографски бизнис.

Balkan Horses Band

    Балканот, ако се анулираат племенските војни за доминација, никогаш не бил темен вилает за правоверните балканци. Уште помалку за уметниците низ времето кои својот идентитет го граделе врз народната мудрост и битот на сопствената традија. Притоа посебностите и спецификите на народите што од памтивек живееле на дадениот простор ја изнедриле колоритноста и ритмиката толку величенствено возбудливи и божествено убави, безмалку неспоредливи со останатите созвучја од планетава. Дури и во времево на бришење на просторните ограничувања кога со едно стискање на копчето на дланка може да ја имате мудроста на времето и просторот, Балканот сред Вавилонската курва – Европа за чудо останува една од големите енигми. Ова посебно важи за музиката во чиј код е запишана мудроста на овдешнава опстојба.
    И, кога веќе го допираме творечкиот изблик во модерниве времиња, мора да биде забележано дека заради политичката позиционираност предолго од разединетиот Балкан беше „продавана“ примарната езотеричност која без исклучок беше позиционирана во определената фиока. Истата податлива за „стомаците“ на западните конзументи стана во последнава деценија во моментите кога овие останаа речиси без возбуда и условно го разбудија својот традиционален колонијален порив. Да бидеме искрени на нивниот „дижестив“ делумно му кумуваа и самите балканци кои заради пожелуваниот пробив во светот на големиот бизнис почнаа да им ги чешкаат ушите на споменативе со ситни и речиси навидум небитни компромиси. Од таму, разбирлив е продорот на еден махер како Горан Бреговиќ, кој рака на срце, со невидена трпеливост и дрскост деценија и половина во нова обвивка ги продава своите (и наши) „спомени“. Арно ама, ако неговата последна себалканска умотворина „Оркестар за свадби и погреби“ што во суштина го има предзнакот на продавање „магла“ што треба да ги разбуди ситните страсти и да го собере кајмакот од колективниот занос, позиционирана на половина пат меѓу балканскиот кич и поп звукот каков што го поима грото од просечните конзументи, времево изнедри и други појави чија висока стилизација на изворноста

Balkan Horses Band

(Теодоси Спасов – Бугарија, „Аватон“ – Грција, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, „Анастасија“, „Синтезис“, Кирил … за големите народни уметници и да не зборуваме) допрва ветува еден сосема поинаков исчекор.
    Во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+