Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Звук Осврти

„Исцелителот“ замина во светлината

Џон Ли Хукер (1917 – 2001)


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Џон Ли Хукер, блуз музичарот што го тркалаше своето валкано „буги“ со заносен ритам, беше и автор на дефинитивно најосаменичките и најсугестивните песни на 20-от век.

John Lee Hooker

    „… Не постојат суперлативи да се опише длабокото влијание што го остави Џон Ли Хукер во нашите срца. Сите што барем еднаш во животот нè допрел ритамот од неговата музика, чувствуваме огромна благодарност, почит, восхит и љубов кон неговиот дух. Кога бев дете тој беше првиот што ме натера да пребирам по жиците. Хукер, Џими Рид и Лајтнин Хопкинс беа фундаментите за целата моја музика. Работата на неговите албуми “The Healer” и “Chill Out”, како и заедничкото искачување на сцената на неколкуте блуз фестивали, ќе бидат најскапоцените нешта што ќе ги чувам во себе!“ – ќе изјави гитаристот Карлос Сантана, непосредно по обелоденувањето на веста за смртта на 83-годишниот Хукер, една од најзначајните легенди на блузот и современата музика воопшто.
    Сторијата, пак, за големиот Џон Ли Хукер – смртникот што не го дочека изгрејсонцето на 22-от ден од јуни годинава Господова и сонувајќи во сопствениот дом во Лос Алтос, Калифорнија – САД се престори во сноп светлина, ќе распостели грст белешки што чинат еден плоден и по многу нешта неверојатно возбудлив живот. Роден е на 17 август 1917 година на една од фармите за памук во близина на Кларксдејл, Мисисипи како едно од 11-те деца во семејството на локалниот свештеник. Госпел пеел во црквата каде што службувал татко му, а со блузот и она што подоцна тој ќе го нарекува „кантри буги“ се сретнал во домот на очувот Вилијам Мур, каде се збирале локалните блуз ѕверки и каде до безсознание се вртеле тогаш актуелните блуз плочи. Почнал да свири на некаков самоделски жичан инструмент за набрзо да премине на гитара. Од дома си заминува на 14-годишна возраст и желбата да стане професионален музичар почнува да ја обистинува со свирки по клубовите долж делтата на Мисисипи. „Бев млад и сигурен во себе. Затоа заминав ноќе, никој да не ме види. Бев убеден дека еден ден ќе успеам!“ – сеќавајќи се на своите почетоци ќе каже подоцна во едно свое интервју Хукер. Во Мемфис едно време ќе се плетка во тамошните кино сали и ќе настапува со блузери како Роберт Најтхок, на крајот на 1930 година ќе се најде во во Синсинати и ќе биде член на госпел група, а четири години подоцна ќе се отсели во Детроит каде дење ќе биде обичен работник во тамошните челичарници и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+