Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Звук Осврти

Македонија = Каледонија (?!)

Blues & Soul Festival (4-7 јули 2001)


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Со програма исклучиво нурната во блузот како една од универзалните институционални музички категории, годинешново издание на Фестивалот го апострофира сопственото сигурно „проодување“, но и натаму ја остави отворена дилемата околу трансформацијата во навистина силна регионална Манифестација што условно би раскрстила и со дадената рамка во која се случува.

Ana Popovic

    Петтото (веќе „јубилејно“) издание на Blues & Soul Festival-от, како една од рожбите на „Скопско лето“, се обистини во востановениот термин (4–7 јули) во амбиент на воени дејствија и атакувања врз самобитноста на државава – Република Македонија. Од таму, сосема разбирливо е што успешната реализација на овој (во друга пригода единствено музички) настан безусловно ќе се мери и со поинаков (изнуден) аршин. Без ниту едно откажување од планираните учесници и со присуство на публиката што оди во прилог на нагорната линија, Фестивалот заради убавата можност да се стори бегството од високата напнатост безусловно мора да биде бележан со крајно позитивен предзнак. Во зло време само за трепет – два бевме во позиција да се свртиме кон индивидуалните душевни потреби и да го јавнеме ритамот со кој пулсира сиот нормален свет. А, тоа од дадениов замрачен видокруг и не е така мала работа.
    Наспроти ваквата актуелна позиционираност, годинешново издание на Blues & Soul Festival–от несомнено стори и благ програмски исчекор што оди во прилог на натамошното етаблирање на Манифестацијата. Иако понудата во оваа пригода исклучиво беше базирана на блузот (што може но не мора да значи и стеснување на концептот) се покажа дека таквата солуција може да функционира ако одбирот е сторен онака како што треба. Од таму, директниот „виновник“ за тоа – уметничкиот соработник Васја Ивановски, како впрочем и организаторот -Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, се веќе во позиција уште посилно да ги артикулираат сопствените размисли околу иднината на Фестивалот и отворената можност допрва да се шири кругот на публиката што го поима блузот како универзална музичка категорија.
    

Blues Wire

    Инаку, годинава поместен (заради спецификите на времево-невреме …) под „вршникот“ именуван како Универзална сала во Скопје, Blues & Soul Festival–от претстави звуковно разновиден пресек на случувањата во овој сегмент од музиката. Стартот им припадна на дебитантите од Прилеп – Crossroad Blues Band кои наспроти сопствената импресионираност од чинот со не само локалното поимање на формата (оригиналноста ја допираат со текстовите на македонски јазик) беа сосема солиден вовед во она што следува. А, токму Си Џеј Шанир (инаку син на кралот на “zydeco“ музиката Клифтон Шанир) со наследениот Red Hot Louisiana Band, воведувавајќи современи елементи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+