Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Театар Теорија

Театарот како културен систем

Од книгата „Семиотика на театарот" од Ерика Фишер-Лихте


/14
стр. 1
Ерика Фишер-Лихте

    Внатрешниот код на културниот систем регулира: (а) кои материјални продукти ќе бидат валидни во системот како единици на значење, т.е. како знаци; (б) кои од така идентификуваните единици на кој начин и под кои услови можат да бидат комбинирани едни со други, т.е. раководи со синтаксичкиот код; и (в) со што овие единици можат да бидат поврзани и под кои услови (i) во врска со различни можни синтагми или (ii) во изолација, т.е. го контролира семантичкиот код.
    Според тоа, кодот на секој јазик, англиски, германски, или кинески, регулира (а) кои звуци ќе бидат идентификувани како најмали единици на значење, т.е. како зборови на тој јазик; (б) можните комбинации на овие зборови со цел да се формираат синтагми; и (в) определување на означувањата на овие звучни знаци и како лексички и како контекстуални значења. Со други зборови, и продукцијата и разбирањето на исказите во еден јазик функционираат врз основа на код кој ќе го определиме како внатрешен код на јазикот. Истото важи и за сите културни системи: овие го реулираат процесот со кој се продуцираат значењата врз основа на кореспондирачки специфичен внатрешен код, на кој понатаму е базирана продукцијата и интерпретацијата на сите значења.
    Еден надворешен код се инволвира ако, како прво, неколку од овие кодови се субординирани на друг код како нивен хиперкод, во смисла дека генерирањето и интерпретацијата на нивните системи од правила се базира врз него, и како второ, значењата кои се продуцирани од индивидуалните културни системи, можат сега да бидат сфатени во нивната функција и значење за севкупната култура на второ ниво, или ако може така да се каже, имено, врз основа на хиперкод. Леви-Строс покажа дека постои заеднички код во основата на структурата на кодовите на многу различни културни системи како, на пример, јазикот, родовите односи и свадбените обичаи, навиките за исхрана, и митовите на различни племиња на тлото на Латинска Америка.
    Значењето на знаците и/или на комплексите од знаци кои се генерирани од еден културен систем според тоа можат да бидат конституирани долгорочно, ако се земе предвид примената и на внатрешниот код на системот, и на надворешниот код кој тој го дели со другите системи.
    Кодовите врз кои се базирани културните системи се разликуваат по условите на стабилност од една до друга култура. Така, синтаксичкиот код на јазикот е во голема мера стабилен во Западната култура – тој подложел само на мали модификации низ вековите. Спротивно на ова, кодот кој ги регулира начините на облекување – модата – е






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+