Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 21 | година IV | јуни-јули, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 21јуни-јули, 2001
Театар Теорија

Специфичниот актерски код на Прличко во контекстот на семиотиката на театарот

/9
стр. 1
Билјана Црвенковска

    На почетокот би можело да се каже дека основната карактеристика на Прличко како актер е тоа што тој го заменува говорот со гест или мимика, односно лингвистичкиот код го заменува со гестуално-мимички. Со други зборови, тој го транскодира говорот во гест.
    Германската семиотичарка Ерика Фишер-Лихте во своето дело „Семиотика на театарот“, ги дели гестуалните знаци на два вида: оние кои го придружуваат јазикот и оние кои служат како замена за јазикот. Гестуалните знаци кои служат како замена за јазикот имаат за цел да изразуваат/произведуваат значења кои инаку не можат да бидат создадени со лингвистички знаци (или пак не можат да бидат доволно изразени со лингвистичките знаци). Да се потсетиме само колку гестот, или мимиката, или „говорот на телото“ можат да кажуваат многу повеќе одошто било кои зборови.
    Според Ерика Фишер-Лихте, гестуалните знаци кои го придружуваат јазикот, најчесто имаат две функции: 1) пунктуација и 2) илустрација на некоја поента. „Пунктуацијата во говорот вклучува, во поголем број случаи, акцентирање или структурирање на гестовите кои го истакнуваат, појаснуваат и потврдуваат она што е важно на ниво на лингвистичките знаци. Тоа исто така ги вклучува и гестуалните знаци кои исполнуваат синтаксичка функција или со тоа што се јавуваат постојано во врска со или како замена за одредени синтаксички секвенци или со лоцирање на одредени комбинации на именски или придавски конструкции. Така, на пример, важноста на интонацијата во некое прашање може да биде проследена со подигање на веѓите, рацете или рамењата, или со истакнување на важноста на прогресивната интонација кога се изговара реченицата – којашто, според граматичките критериуми е завршена – созадржување на погледот на соговорникот или со држење на положбата на главата на начин со кој се покажува дека, всушност, таа не е завршена“.
    Она што е карактеристично за Прличко, значи, е употребата не само на гестуално-мимичките, туку и воопшто на кинезичките знаци во разни моменти од претставата. Овие знаци се многу често проследени и со паралингвистички знаци, и би можело да се рече дека тоа е типично за целата актерска игра на Прличко (пред сè во комедиите, но и во другите претстави). Прличко го употребува гестуално-мимичкиот код на повеќе начини:

1. Многу честа употреба на мимика и гест во оние моменти од претставата каде во текстот не е предвиден говор. Во овие моменти употребен е гест или мимика за да се потенцира или покаже нешто што е или внатрешна карактеристика на ликот, или нешто што е важно за она што се случува на сцената; употребата на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+