Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 22 | година IV | август-септември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 22август-септември, 2001
Звук Осврти

Интервју со Златко Ориѓански

„Човек мора да внимава на духовната хигиена“


/5
стр. 1
Љупчо Јолевски

Златко Ориѓански

   Во безмалку две децении наназад Златко Ориѓански со својата авторска пројава многупати ја брануваше јавноста. Најнапред со членовите на Лола В. Штајн објавувајќи ги албумите „Икона“ и „Мансарда“ за загрепската независна етикета Blind Dog Records не само што го вткаја традиционалниот фолклор во високостилизираната урбана амбиентална матрица, туку и го запиша поинаквиот третман на музиката од овој дел на светот – во рецензијата за првиот обелоденета во престижниот англиски музички неделник New Musical Expres беше акцентирана посебноста на објавата и нејзиниот исчекор во времето. Не многу потоа судбината го доведе до Горан Трајковски и Зоран Спасовски во веќе постоечката Анастасија и заедно, потпишувајќи ги музиката за филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“, „Мелургија“, „Ноктурнал“… ја вообличуваат Новата историја на современата македонска музика, нашата самосвојна звучна чувственост. Во меѓувреме, концертите на групата ги виде половина свет, а Ориѓански како музичар, автор и продуцент застана и зад „Македонски љубовни песни“ и „Ритмистика“ – изданијата што неповторливиот глас на народната певица Вања Лазарова го сторија звучна фреска за сегашноста и иднината на Македонецот. Во разговорот за БЛЕСОК тој прикажува за себе, музиката, интелектуалците, времево во кое неповторливо истекуваат нашиве единствени животи.

БЛЕСОК: Анастасија заедно со Аватон од Грција и Исихија од Бугарија неодамна стамено застана зад „Балканскиот плоштад“, проектот со кој уметниците заумно ја акцентираат упатеноста едни на други во времево на преживување и дотурање сол на раните. Има ли простор за креацијата и нејзината порака сега кога владее омразата? Може ли уметникот да се издигне над бруталното катадневие?
    ОРИЃАНСКИ: Јас длабоко, со сета своја крв припаѓам на овој, мојов македонски народ. Преку него, или заедно со него, морам да ја кажам својата песна. Ако мерката е дневната политика, ако мерката се наивните анализи со вкус на лоша литература што ги среќавам по весниците, тогаш кај ни е алот. Моите херои се многу многу над сето ова. Та зарем можете да споредите еден смешен дебел политичар со еден Андриќ, Његош, Петре М. Андреевски? Но, ете, тоа е животот. Ако човек погледне наназад, не постои човечки живот кој поминал без војна, за жал. Она што е одлика на ова време, е немањето мудри глави меѓу политичарите. Непостоењето на големи, маркантни фигури, високо образувани, филозофски и поетски обликувани.
    

Златко Ориѓански

   Јас сум поет и моето место е дефинирано. Мојата изборна единица се наоѓа на сцена и дома, затворен во четири ѕида заедно со својата осама од каде го мерам светот, а најнапред себе си. Среќен сум што не






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+