Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 23 | година IV | октомври-ноември, 2001



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 23октомври-ноември, 2001
Галерија Осврти

Питер Гринавеј и Ничеовото „вечно враќање“

/6
стр. 1
Стефани Семлер

   Најголемата Тежина. Што ако, еден ден или една ноќ, некој демон ви се прикраде во вашата најдлабока осаменост и ви рече: „Овој живот кој го живееш и досега си го проживеал ќе мораш да го живееш уште еднаш и неброено многу пати; и во него нема да има ништо ново, туку секоја болка и секоја радост, секоја мисла и глетка и сето она неискажливо мало или големо во твојот живот ќе ти се врати, сè во ист ред и последователност, дури и овој пајак и оваа месечева светлина помеѓу дрвјата, дури и овој миг и самиот јас. Вечниот песочен часовник на суштествувањето секогаш одново се превртува, а со него и ти, прашинке!“ Дали би се фрлиле на земја, крцкајќи со забите и би го проколнале демонот кој тоа ви го рекол? Или некогаш сте доживеале толку величенствен момент што би му одговориле: „Ти си Бог и јас никогаш не сум слушнал нешто побожествено од ова“? Доколку ве обземе оваа мисла, ќе ве измени, можеби ќе ве здроби. Прашањето во секое нешто „Дали го посакуваш ова уште еднаш, и уште неброено многу пати?“ ќе лежи врз вашите чинови како најголема тежина. Колку добро настроени кон себеси и животот ќе треба да станете за пламено да копнеете по оваа конечна потврда и печат?“
     Фридрих Ниче, „Веселата наука“

   Најголемата Тежина, според Ниче, е Вечното Враќање. Тоа е возможноста нечиј живот одново и одново да се проживува долж бесконечните ходници на времето и замислата за суштество обдарено со чувства кое знае дека тоа е така. Ниче ни го нуди овој концепт не како метафизичко верување, туку како избор. Изборот е да се земе предвид оваа замисла. Доколку некој избере да го стори тоа, тежината останува врз идните повторни проживувања. Ако сето ова повторно ќе се случи без да отсуствува и најмалиот детаљ, нема ли ние да сакаме да бидеме што е можно попродлабочени, секој момент во нашето делче од тој континуум да биде што е можно поинтересен и поинтензивно доживеан? Со ова прифаќање, ние ги земаме предвид сите други себности кои ќе го понесат искуството коешто сега ние го имаме. Навистина, се чини дека тоа ќе биде „Најголемата тежина“; што со миговите во кои ја вкусуваме болката, злата судбина или сме соочени со тешки одлуки? Дали овој товар не го зголемува влогот? Што со миговите кога околностите ни се измолкнуваат од контрола? Што со миговите во кои искрено чувствуваме дека не можеме понатаму,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+