Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Проза

Небесни птици (извадок)

Награда „Балканика“ 2000
Превод од романски: Лидија Димковска


/17
стр. 1
Василе Андру

20. Дожд, студ, издржливост

    Не ја бев видел Тофана неколку седмици. Случајно налетувам на неа во средата навечер, покрај црквата Ена од кај што излегуваше.
    Паѓа ситен дожд, студи и Тофана е смрзната. Мала и свиткана, наврната небесна птица.
    Се тресе и си ги собира рамената под ветвиот мантил.
    Ми вели дека чекори во место, ама дека со Божји благослов наскоро ќе замине одовде. Кога е тоа наскоро? Не знае, ама со Божји благослов, се надева дека наредниот месец. Каде? Сè уште не знае, ама со Божји благослов се надева тоа да биде Австрија, Израел или Белгија.
    Вели дека секој петок оди во Коралниот храм, во големата синагога. За да ја забележат Евреите и за да ја присвојат. Ги силува портите на храмот, се нафрла врз еврејската религија, почнала да учи хебрејски и идиш, токму сега има еден учебник со неа.
    Со адвентистите сè уште не е решена. Ама оди редовно и на нивните средби, а тие имаат многу поволно мислење за нејзината побожност и посветеност.
    И вера, и пресметувања и агониски сметки. Беше во состојба да ѝ се посвети на една религија денес, на друга утре, но служејќи му постојано на еден ист Бог, оној во чиј лик се содржани сите религии. Опседната да замине веќе еднаш од земјата, да добие виза по СЕКОЈА ЦЕНА, зграпчувајќи во очај чија било подадена рака, залетувајќи се на секој знак што би можел да ѝ го олесни емигрирањето.
    Нејзината настрвеност и истовремено простодушност може лесно да те уништат. Дури и да одеше во Храмот само поради визата, кога беше во Храмот забораваше на таа цел и го преживуваше ритамот на вознесението, сето нејзино битие го зафаќаше божјиот копнеж, неразбирливите зборови и песни ја распалуваа, паѓаше во состојба што се граничи со трансот. Дури потоа, кога излегуваше на улица, си спомнуваше дека таа, всушност, оди таму од корист.
    Не беше способна за лицемерие, а сепак беше несвесна лицемерка. Не можеше да го мами Бога, зашто Бог, постојано со ист лик, ѝ се појавуваше насекаде, в црква, во храм, во молитвениот дом на адвентистите, и единствено што ја тераше понекогаш да се запраша дали можеби мами некого, беше културната престрашеност. Во никој случај не го мамеше Бога, туку можеби само некои мантии, ритуали, некои свештенички камилавки.
    Ништо не ја прашувам. А човек кого не го прашуваш за ништо, ќе ти каже сè.
    Тофана: Бев во Синаја со Јакоб. Јакоб заборавил романски. Тука е на месец дена. Ми вети дека ќе ми помогне за виза, ама






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+