Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Есеи

Етиката во инфосферата

/4
стр. 1
Лучијано Флориди

    Нашето општество го нарекуваме „информациско општество“ поради стожерната улога којашто во него ја играат интензивните информациски сервиси. Како социјална структура, тоа беше овозможено единствено од страна на ТИК (технологиите за информација и комуникација). Во него набрзо почнаа да се поставуваат фундаменталнио етички проблеми, чијашто сложеност и глобални димензии рапидно еволуираат.
    Која е најдобрата стратегија за конструирање на едно етички издржано информациско општество? Дозволете ми да го антиципирам мојот заклучок. Задачата е да се формулира една информациска етика која ќе може да го третира светот на податоците, информациите, знаењето и комуникацијата како нова околина: инфосфера. Онаа информациска етика мора да биде кадарна да ги разрешува новите етички предизвици кои никнуваат во новата околина врз основа на базичните принципи на почитување на информациите, нивното сочувување и вреднување. Таа мора да биде информациска етика за информациското опкружување.
    Дигиталната поделеност (ДП) е извор на најголемиот број етички проблеми коишто произлегуваат од еволуцијата на информациското општество. Таа е комбинација на еден верикален и еден хоризонтален јаз. Вертикалниот јаз ја одвојува нашата од минатите генерации. За помалку од едно столетие, од состојба на потчинетост на природата, со посредство на државата на моќта за потенцијално тотално уништување, преминавме кон сегашната состојба, во којашто имаме средства и начини да произведеме наполно нови реалности, да ги скроиме според своите потреби и да ја предвивиме иднината. За првпат во историјата, одговорни сме за постоењето на целосно нови средини. Нашата технолошка моќ е огромна. Таа, исто така, несопирно расте. Веќе е толку голема што ја има надминато бариерата помеѓу природното и вештачкото. Следствено, нашата морална одговорност за светот и за идните генерации е подеднаквои голема.
    За жал, технолошката моќ и моралната одговорност не се нужно проследени од етичка интелигенција и мудрост. Сè уште сме како дечиња, кои лекомислено и опасно си поигруваат со чудесниот универзум. Можеби имаме демиуршка моќ врз него, но можеме да се потпреме единствено врз сопствената несигурна добра волја за да нè води во нашите конструкции.
    Вертикалниот јаз го означува крајот на модерноста. Проектот на модерната беше целосната контрола и владеење со реалноста сфатена како физичка околина . Информациското доба се надградува врз проектот на модерната, но неговата суштина повеќе не е единствено обликувањето на физичкиот свет. Поскоро, тоа е создавањео и конструкцијата на алтернативни, не-природни околини кои го заменуваат или поткрепуваат. Механичкиот ум се занимаваше со природата и се обидуваше да ја контрролира и модификува, информатичкиот ум го гради својот сопствен свет и оттаму, занимавајќи се со него тој всушност се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+