Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Критика

Од Гутенберг до ИнтеЛнет

(кибер-теориите на Михаил Епштејн и Умберто Еко)


/6
стр. 1
Ангелина Бановиќ-Марковска

    Насловот на овој есеј е чиста компилација. Токму така: се потпира на два значајни текста во кои се изложени два занимливи концепта. Едниот му припаѓа на италијанскиот семиотичар Умберто Еко и ја проследува историјата на писмото, а другиот – на рускиот литературен теоретичар Михаил Епштејн и може да се смета за манифест на еден транскултурален начин на мислење. Двата концепта ги инкорпорираат поставките на модерниот дијалогизам, чии почетоци лежат во Бахтиновата теорија за двогласносноста на зборот, но надополнети со теориските и философските погледи на Јулија Кристева, Ролан Барт, Мишел Фуко и Жак Дерида, тие денес ја добиваат својата слика во моќната идеја за хипертекстуалноста.
    Но, да видиме кои се допирните точки на двата текста и што тематизираат тие.

Умберто Еко

Наспроти радикалните тези од шеесетите години на 20 век, изнесени од страна на Маршал Меклуан (Marchall McLuhan)[1] и оние од почетокот на деведесеттите на Роберт Кувер (Robert Coover)[2], некаде во ноември 1996 год., Италијанската Академија за напредни студии во Америка, му овозможила на познатиот семиотичар Умберто Еко да одржи интересно предавање. Насловено „Од Интернет до Гутенберг“, тоа расправа за улогата и значењето на печатениот медиум и влева оптимизам за иднината на книгата. Но, неговата одбрана на писмото како техничко помагало кое го поттикнува мислењето, не ја оспорува важноста на електронските медиуми. Напротив. Иако, одамна веќе не живееме во страв дека азбуката ќе го убие помнењето – како што тврдеше Платоновиот Сократ во „Федар“, дека со ширењето на непотребни информации, книгите ќе нè оддалечат од врвните вредности (Eco:Блесок16) – денес сме сведоци дека постојат многу пософистицирани и покомплексни средства и техники од класичната Гутенбергова галаксија, чиј линеарен модел на размислување е притиснат од еден многу поризоматичен медиум (електронскиот). Но, иако е на добар пат да стане сликовно ориентирана и да ја потисне писменоста, нашата цивилизација е, сепак, цивилизација на пишуваниот збор: „Компјутерот е, пред сè, азбучен инструмент – нè уверува Еко – По неговиот екран се движат зборови и за некој воопшто да може да користи сметач, мора да биде способен да чита и да пишува. … Луѓето кои ја минуваат ноќта во водење бескрајни Интернет разговори, во принцип работат со зборови…“ (Eco:Блесок16). Значи, компјутерскиот екран е идеална книга која не подразбира само нов и дезорганизиран простор на читање, туку бара и појава на еден „схизофреничен“ организам, на едно вкрстено (а не линеарно) гледање на означителите. Вистина, тоа не го оспорува оној традиционален миметолошки концепт на мислење, произлезен од линеарната логика на

_____________________________________

1. „Гутенберговата галаксија“ (“The Gutenberg Galaxy”) на Маршал Меклуан (Marchall McLuhan).
2. Американски писател, инаку професор по креативно пишување на Универзитетот Браун во САД. Познат е по есеите: „Крајот на книгите“ (“The End of Books”, The New York Times 1992) и „Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer”, The New York Times, 1993).






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+