Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Галерија Осврти

Остро филмско око

/4
стр. 1
Живко Андревски

Анализите покажуваат дека младите во Република Македонија имаат високоразвиена филмска култура. Во однос на нивниот општ потенцијал – образовани, интелигентни, љубопитни, комуникативни – тоа е сосема природно и не претставува никакво изненадување

    Се разбира дека никој во светот на културата, а особено во светот на филмското творештво, не би се откажал од можното сознание за профилот на филмскиот гледач. Популацијата млади луѓе секогаш е предмет на опсервација.
    Дали се знае кој е младиот филмски гледач во Република Македонија, каков е неговиот вредносен систем во принцип и како тој се одразува во однос на филмската уметност?
    Кога би се воспоставиле релации на механички начин, меѓу поширокиот општествен контекст, за положбата на младите во општеството во последните десетина години, нивните верувања, стремежи, желби, потреби и интересирања, може да се заклучи дека кај нив преовладува чувство на немоќ, на осаменост, на недоверба и на неперспективност. Секако дека ќе се најдат аргументи и изјаснувања што ќе ги потврдуваат (делумно или целосно) ваквите согледувања. Но, секогаш ќе има и потврдени, точни, релевантни резултати, кои, пак, ќе понудат поинаква слика од оваа, дури и многу поразлична. Елементите на оваа, верувам, објективна слика ќе бидат: младите во Република Македонија успеваат да ги следат светските трендови во областа на образованието, културата и уметноста, спортот, технологијата, перспективните професии… Ова тврдење го извлекувам од долгогодишни интензивни комуникации со дел од младата генерација во дадениот период (оние што во 1990 година, на пример, имаа по 19 години сега веќе се на 30-годишна возраст).
    

    Кога светот беше на прагот на 21 век, младата македонска популација беше вметната во вителот на поширокиот процес на транзиција на општеството (најмногу видлив преку надминувањето на општествената сопственост и договорната економија и воведувањето приватна сопственост над капиталот и на принципите на пазарно стопанисување, потоа на напуштање на еднопартискиот политички систем и течење на политичката плурализација, на нагласено инсистирање за функционирање на правната држава и за почитување на човековите слободи и права според меѓународни стандарди). Позицијата на младите во ова преструктурирање на општеството може да се дефинира и да се дијагностицира како тотално набљудувачка, без какво било влијание и учество. Бездруго, тоа се однесува исклучиво на младите луѓе без да се смета нивната припадност на одделни семејства или фамилии, каде што конкретните млади објективно припаѓаат на богатиот слој од општеството.
    Во тој период, се наметна една дилема искристализирана во прашањето: „дали си за бутик или за индекс?“ Колку и да изгледа прагматично и во историска развојна смисла неприфатливо, поголемиот дел од младите се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+