Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Звук Осврти

Интервју со Синтезис

Наша задача е да ја заштитиме традиционалната музика


/6
стр. 1
Љупчо Јолевски

    Синтезис, најзначајниот македонски извозен музички продукт, составот што успешно ги комбинира корените на изворната традиција со современите аранжмани, концертната кружница во која попатни станици беа: Солун – Грција, Аризона и Њујорк – САД, Милано – Италија, Лисабон – Португалија, Хуеска – Шпанија, Бошо – Белгија, Краков – Полска, Сиднеј, Мелбурн и Перт – Австралија… ја заокружи со новогодишниот концерт пред скопската публика. Со тоа на најубав можен начин ја заврши 2001-та, година во која, патем, се обистинија и грандиозните концертни настапи што составот ги стори придружуван од Македонската филхармонија токму во матичната средина – во Универзалната сала во Скопје. Разговорот што следува е работен во периодот пред новиот залет и планираните патешествија по светските концертни сцени. Инаку, според зборовите на извршниот продуцент Оливер Белопета, за првата половина од 2002, засилено ќе се работи на одржување на серија концертни настапи по балканските држави – разбирливо: Словенија, Хрватска, СР Југославија, Бугарија, Турција… Згора, тој дополнува и дека не е исклучено повторно заминување на бендот од онаа страна на Атлантикот.
    За Синтезис и неговото делување во времево говорат Радослав Шутевски (тапани, ударни инструменти…), Марјан Јовановски (тамбури) и Гоце Узунски (тапан, тарабука, дајре). И, уште на самиот почеток:
    

Шутевски: Оние два концерта што ги одржавме со Филхармонија ги сметаме за спектакл што се прави само во еден здив и… бидејќи тогаш на сцената беа присутни над стотина луѓе. Навистина еден голем, гломазен, но преубав проект. Ако ти успее да ја постигнеш целта, се разбира.
    Од друга страна новогодишниот концерт беше настан со кој по прв пат во минатата година, како група што има свој разработен концепт, ѝ се претставиме на публиката во Скопје. Значи, материјалот од Swinging Macedonia го понудивме во една поинаква звучна слика која беше ослободена од помпезноста, но чинам дека беше силна, енергична и директна. Со тие нумери претходно нè слушнаа во Охрид, Битола, Крушево, Куманово… но не и во Скопје. На крајот на краиштата, една навистина успешна година заокруживме со голем концерт како што прилега на состав од нашиот калибар. Публиката беше презадоволна, а тоа впрочем е најбитно.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+