Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Звук Осврти

Интервју со Скот Хендерсон

Јас сум еден од оние што смета дека сето она што го направил во минатото е лошо


/3
стр. 1
Васја Ивановски

– Можеш ли да кажеш нешто повеќе за твоите музички почетоци?

Скот Хендерсон

Колку што се сеќавам, некаде на десетгодишна возраст се заинтересирав за музиката, пред сè слушајќи радио. Татко ми имаше акустична гитара, често свиреше низ куќата, така што некако природно тој инструмент стана мој придружник во музиката и животот. Малку подоцна почнав да разбирам по нешто од она што го слушав и некако најповеќе се возбудував слушајќи ги Џими Хендрикс, „Лед Цепелин“, Дип Парпл“, Џони Винтер и слични имиња, бидејќи во нивната музика сè повеќе откривав елементи кои беа превземени од богатата ризница на блузот. Едноставно се обидов да откријам кои се изворите на нивната музика, така што, како и многумина пред и по мене се навлеков на блуз од „втора рака“, што тогаш беше и единствениот начин. Засекогаш сум им благодарен на Хендрикс, Пејџ, Блекмор, Винтер и други гитаристи кои ме „споија“ со блузот. Потоа, природно, следеа „кралевите“ Б.Б., Алберт и Фреди и повеќето од првите електрични блуз музичари.

– Кога свириш блуз, дали го користиш само како основа врз која се надградуваш, односно дали го комбинираш класичниот блуз идиом со твојот сопствен музички израз?

Да, обично почнувам со чувството за блузот, се обидувам со некои измени во хармонскиот дел, тука има големо влијаније од џезот, така што настојувам во тој дел блузот да го „однесам понатаму“, особено што се однесува до хармониите. Сметам дека тоа добро ми оди од рака, барем според реакциите на моите колеги музичари.

– Приметно е дека во твојот блуз не се застапени обработки на познати блуз стандарди што е чест случај со други музичари. На што се должи тоа?

Сакав низ кариерата да задржам што е можно повеќе еден оригинален пристап кон оваа музика, едноставно сакам да пишувам своја музика. Големо задоволство ми причинува создавање сопствена музика. Инаку, можеби ќе ви изгледа чудно, не ја следам современата блуз сцена и не знам речиси ништо што во моментот се случува. Конечно, тешко е да го следиш сето она што се случува во блузот и џезот, кога имаш многу сопствени идеи да реализираш, а времето лета!

– Очигледно е дека немаш време бидејќи работиш со три паралени бендови во исто време!

Па добро, не е баш така. „Трајбал Тек“ не работи толку многу, еден албум секои 18 месеци и една европска турнеја годишно. „Вајтал Тек Тоунс“ е само студиски проект и секој од двата досега издадени албума се снимени за само недела дена и со нив не настапувам концертно. Мојата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+