Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Театар Осврти

Некои драмски читања на Балканот

/10
стр. 1
Нада Петковска

    Во македонската понова драмска книжевност, особено онаа што може да се определи како постмодерна, се појавија многу интересни согледувања – нови читања на Балканот. Постмодерната перспектива, со нагласеното начело на цитатноста и комуникацијата со традицијата и наследството, што од нејзин аспект подразбира слободно надоврзување на целокупната светска ризница, даде мошне интересни обиди за превреднувања на балканскиот мит, согледан од мошне широка перспектива, збогатен со многу искуства, што се користат како поврзувачки материјал, како индиции и специфични надоврзувања на најразличните искуства, собрани во огромната светска библиотека. Доволно е да се спомене веќе парадигматичниот Балканот не е мртов, или уште повпечатливото Буре барут на Д. Дуковски, два типични постмодерни текста кои го отсликуваат јадрото на балканската проблематика, која ни љубовта не може да ја извлече од закрвените односи, односно ситуацијата на буре барут, спремно секој момент да експлодира. Горан Стефановски Балканот го чита и како дупло дно, но и како бескрајни баханалии во кои татковците си ги јадат своите деца, започнувајќи бесмислени војни, кои не му користат никому. Женски прилог за ноќта, Немушт јазик на Блаже Миновски се необични слики на Балканот, но Балканот е отсликан и во Чија си и Грев или шприцер на С. Насев. Во случајов, од големиот број текстови во кои на разни начини му се пристапува на комплексниот проблем на Балканот, се определивме за драмското читање на Балканот на Венко Андоновски.
    Андоновски некако пророчки започнува со една денес мошне актуелна проблематика – проблематиката на тероризмот, на кој во Адска машина, му дава поширока смисла на битна меѓучовечка релација, во која секој го угнетува и тероризира другиот, барајќи пред себеси најразлични оправдувања, при што врвен аргумент е традицијата (како и во Буре Барут на Дуковски).
    Следната драма, Бунтот во домот за старци е драма за побуната, за желбата за промена на состојбите: побуна за пристоен ред на нештата наспроти анархичната слобода на постарите генерации, која заради личните интереси доведува до тотален хаос. Тука особено на удар е подложена слабоста на интелектуалците и нивните премислувања како да ги реализираат принципите на слободата. Таа ситуација ја искористуваат примитивците и ги наметнуваат своите сфаќања за редот на нештата. Односно – благородните, но радикални залагања на идеалистите, како по правило, секогаш ги искористува некој друг, некој примитивен толкувач кој ги поедноставува работите до крајни граници за да дојде до основната цел – до власта, а не до слободата. Оваа тема колку што е Балканска, толку е и општа и вечна (во една прилика направивме






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+