Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 24 | година V | јануари-февруари, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 24јануари-февруари, 2002
Театар Осврти

Антон Чехов и револуцијата во 1905 година

/5
стр. 1
Брук Стоув

„Размисли, Анја, твојот дедо, твојот прадедо, сите твои предци имале робови, живи души. Дали ги слушаш нивните гласови? Дали ги чувствуваш човечките суштества кои те набљудуваат од секое едно дрво во градината? Да се имаат човечки души значи да се промените сите – твоите предци и ти, која живееш сега, значи мајка ти, вујко ти, па дури и ти не го разбираш тоа. Но ти живееш во долгови, на сметка на оние што ти биле робови.“

  Антон Чеховата последна претстава, Вишновата градина, премиерно е изведена во Москва, во Театарот на уметноста (МАТ), во јануари 1904. година. Чехов почина следното лето. Секако, неговото последно дело, и дефинитивно последните години од неговиот живот, беа испреплетени со неуспешната револуција која ја исчисти Русија една година по неговата смрт. Ниедно литературно дело, ниту современа ниту ретроспективна, не го долови духот на времето на овој период на руската историја посеопфатно од Вишновата градина. Кога Чехов почна да ја пишува оваа пиеса во неговиот нов дом на Јалта во пролетта во 1903 г., тој беше под огромен притисок од Константин Станиславски (креаторот на Московскиот театар на уметноста) и на Владимир Немирович Данченко, да произведе ново дело за престојната сезона. Порано истата година Чехов им беше ветил водвиљ или комедија без детална експликација. Станиславски не беше убеден, пред сè поради загриженоста дека новата пиеса не би можела да го докаже чудното и вулгарното на животот. „Единствено се плашам дека наместо фарса ќе добиеме величествена голема трагедија.“ Семето на пиесата созреваше извесно време. Во есента 1901. година Чехов за прв пат му ја наговести на Станиславски градината како рамка за претстава. По добивањето на вестите дека новиот сопственик на Чеховиот имот во Меликово ги откорнал црешовите дрвја во градината, Чехов го предложи името на пиесата за престојната година: Вишновата градина.
      Во почетокот на 1903. година Чехов беше цврсто етаблиран во МАТ како негов водечки драмски писател и литературна ѕвезда. Тој се ожени со водечката актерка во МАТ Олга Книпер во мај 1901. г. и имаше завиден успех и популарност со трите претходни постановки под режисерската палка на Станиславски.
      Создавањето на Московскиот театар на уметноста неочекувано го смени курсот на Чеховиот живот како драмски писател, а со тоа и курсот на модерниот театар. По негативните критики за Галебот во Санкт Петерсбург во октомври 1896. година, Чехов реши никогаш повеќе да не пишува сценски дела. Премиерата таму предизвика скандал во публиката, полош од било кој друг што го памети рускиот театар. Чеховата сестра






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+