Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Проза

Австриски глави

/14
стр. 1
Ферид Мухиќ

    Капетанот Францискус Тракл, миленикот на 6. ридска регимента, во раното утро на тој ден, прв изби на планинската рамнина. На војниците коишто на челото од растегнатата колона од 162 луѓе одеа зад него, на раздалечина од педесетина чекори, им се причини дека нивниот „Франци“, таа силуета со широки и исправени плеќи, со гордо офицерско држење, вкопана во седлото на својот мускулест Кулаш, заедно со коњот потона во светлата синевина, преку темниот раб на сртот, нагло и неповратно, онака како што заминуваат оние коишто повеќе нема да се вратат, онака како што се прекинува сонот којшто никогаш повеќе не ќе го сониме.
    … … … … … … … … … … … … … … … … … …
    Кога неговиот коњ зачекори преку работ на сенката, којашто лилавата темнина остро ја исцртуваше сè до самиот граничник на острата нагорнина, онака како што океанското индиго го исцртува телото на островот и го одделува од темните длабочини, капетанот Тракл одеднаш се нурна во заслепувачки сјај. Заборави на својата чета, на сите овие четири години мачно војување. Ги затегна уздите. Коњот застана. Толку синхроно со неговото движење, што не би можело да се каже дали, во дел од секундата порано, и самиот застана опчинет од чудото коешто пред нив се беше отворило.
    Не беше тоа обична висорамнина! Океан од зелени бранови искапен во утринското сонце блескаше до границите на хоризонтот. Слична на небесно острво, благо се нишаше таа глетка од чиста, сјајна трева, и само некој далечен срт, посеан со бели карпи, или треперењето на кофилот по благите падини, ја издвојуваше од океанското доживување, како белеење на пената од далечните бранови. Кога видот му се привикна, капетанот Тракл забележа дека низ таа стивната сјајна пустелија се посипани густи галаксии ливадско цвеќе – последното злато на потрошените ѕвезди. Во далечината светкаа неколку сини огледала, езерца, потемни и помодри од останатата површина, што Тракл го потсети на глетките коишто ги беше сретнал на Корнатите, на Јадранот, кога под благите удари на маестралот, меѓу сивилото на намрежената морска површина, слична на збрчкана слоновска кожа, светкаат мазните дамки на мирното море. Малку го изненади сознанието дека не му пречи потполното отсуство на какви било траги од луѓе, од цивилизација, од историја. А тогаш преку лицето му прелета онаа фина внатрешна насмевка којашта неговите љубовници толку многу ја сакаа. Го изненади јасната и како веќе негде запишаната или прочитаната мисла. Да, овде без сомнение ги нема ни Виена, ни Салцбург,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+