Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Есеи

Модерноста и постмодернизмот во „Хипертекст белешки“

Повик кон теориска конзистентност и комплетност


/6
стр. 1
Чарлс Ис

    „Хипертекст белешки“, експеримент кој се опишува самиот себеси, служи како богат и благодарен пример за хипертекст. Неговата почетна премиса – дека најголемиот дел од хипертекстуалните дела ја задржуваат линеарната структура којашто ни е позната од печатените текстови – е очевидно точна, и авторовиот напор да ги развие и истражи не-линеарните можности за пишување во хипертекстот ветува дека ќе го унапреди нашето разбирање како на можностите, така и на границите на хипертекстот.
    Според моето гледиште, „Хипертекст белешки“ успешно го остварува овој проект, иако не нужно на предвидениот начин. (Ова не е критика; авторот е намерно нејасен во поглед на различните интенции на проектот). За мене, „Хипертекст белешки“ покренува извесни клучни теориски преоблеми со коишто авторите и читателите во хипертекстот мораат подиректно да се соочат, доколку сакаме да ги избегнеме потенцијално погубните противречности и концептуалните конфузии..
    Сепак, покренувајќи ги овие проблеми, се плашам дека би можел да прозвучам исклучително реакционерно и намќоресто. Со цел да се отстрани овој впечаток, можеби би побарале од мене малку да завлезам во автобиографија (и во бесрамно фалбаџиство), а поентата на сето тоа е да се утврди дека до хипертекстот воопшто и особено до „Хипертекст белешки“ стасав како резултат на долга и достојна за почит историја на ангажман и ентузијазам[1].
    До хипертекстот дојдов првенствено со педагошки интенции. Моето творештво на хипертекстови е речиси исклучиво сосредоточено врз користењето на овој медиум со цел а) да им се помогне на студентите подобро да го разберат тешкиот материјал, делумно преку б) употребувањето на линкови за да се артикулираат честопати сложените и повеќекратни релации помеѓу различни видови материјал. Така, мојот првичен модел за хипертекстовите ја подразбира едноставната идеја дека творците имаат прилично јасен поим за тоа што сакаат да им го кажат на своите читатели – вклучително она што сака да го каже мрежата од линкови и така поврзаниот материјал.
    Се разбира, голем дел од литературата посветена на хипертекстот ја доведува под прашање мојата едноставна парадигма. Може да биде полезно тука да се потсетиме дека постструктуралистичките и постмодерни теоретичари – кои доминираат со најголемиот дел од теориските расправи за хипертекстот – ја напаѓаат мојата едноставна парадигма на различни начини. Во груби црти, оваа парадигма се смета за модернистичка и структуралистичка, токму поради тоа што претпоставува дека авторите го интендираат значењето за нивните читатели, значење коешто делумно е пренесено преку структурите (логички, синтаксички, итн., особено преку поврзаноста на овие структури со линеарноста на печатените текстови). Што е уште позастрашувачки, оваа парадигма се поврзува со

_____________________________________

1. Јас се „загреав“ за хипертекстот во раните 1980-ти години, на почетокот преку работата на Џеј Дејвид Болтер (Jay David Bolter) со една Мекинтош програма којашто случајно се појави како Storyspace од Eastgate Systems. Неколку години (1989-91) работев со Intermedia Project на Универзитетот Браун, под раководство на Џорџ Лендау (кој љубезно го вклучи мојот есеј за хипертекстот и демократизацијата во неговото дело Hyper/Text/Theory [Johns Hopkins Press, 1994]). Мојата работа врз хипертектот резултираше со наградата EDUCOM во 1991 година; јас бев бета-тестер за материјалите коишто го сочинуваа Perseus 1.0: Interactive Sources and Studies of Ancient Greece, и оценувач на текстовите за Европската конфернција за хипертекстот (ECHT 1994). Како Research Associate of the Center for the Advancement of Applied Ethics, Carnegie Mellon University, за време на моето претстојно отсуство, ќе се сосредоточам врз составувањето хипертекстуални материјали за проучување на етиката






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+