Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Есеи

Надраснување на границата

како хипертекстот и философијата се среќаваат во „Сократ во лавиринтот“ од Дејвид Колб


/5
стр. 1
Шин Фенти

    Својот хипертекст Сократ во лавиринтот, како и значително покусата истоимена верзија на неговата расправа[1], којашто може да се најде во Hyper/Text/Theory од Џорџ Лендау (George Landow), Дејвид Колб го започнува поставувајќи го едноставното и директно прашање, „Дали можеме да философираме употребувајќи го хипертекстот?“ (Kolb 323). Сепак, со движењето на читателот низ обете верзии на Колбовиот текст, станува јасно дека прашањето не е во тоа дали философијата може да се создава во хипертекстот, дури ни дали философирањето во хипертекстот може во многу случаи да биде полезно, туку дали хипертекстот „ќе овозможи нов вид философско пишување“ или ќе биде само „средство за изложување или информациска алатка за философските текстови, неспособна да го понуди храбриот свет на новите философски текстуални стратегии“ (Kolb 325-26). Од клучно значење за Колбовото тврдење дека хипертекстот навистина може да го понуди „храбриот свет на новите философски стратегии“ е надминувањето на навидум фундаменталната инкомпатибилност помеѓу хипертекстот и философијата, за чијашто возможност тој не само што ефективно се залага во хипертекст верзијата на своето дело, туку и ја илустрира презентирајќи неколку возможни организациски стратегии – или посреднички форми, како што ги нарекува – во рамките на хипертекстот, коишто би можеле на философијата да ѝ обезбедат подлабоко разбирање на сложените структури коишто ја опкружуваат типичната линеарна философска аргументација, и едно поистенчено чувство за контекстот и процесот на философскиот дискурс.
    Хипертекстот, како што укажува Колб во сродниот есеј „Научниот хипертекст: себе-претставувачка сложеност“ (”Scholarly Hypertext: Self-Represented Complexity”) е најмногу употребуван како средство за организирање на информациите за полесен и поефикасен пристап и манипулација. Применета на овој начин, технологијата на хипертекстот несомнено би можела да му биде од полза на философското пишување, исто како и на научното пишување воопшто; сепак, ползата би се свела единствено на една „информатичка погодност“. Колб го застапува гледиштето дека философијата, сепак, може да го употребува хипертекстот како нешто повеќе од средство за изложување и дека философијата може да го ползува тоа што е напишана во хипертекст, бидејќи тоа би ѝ овозможило да се ослободи од лажната претензија на јасно омеѓен тоталитет: “хипертекстот личи на природен инструмент за обидот да се покаже дека секоја претпоставена сеопфатна структура, без оглед дали е наративна или философска, аргументативна или дијалектичка, функционира во рамките на едно пошироко подрачје коешто таа не го контролира“ (Kolb 334).
    Но идејата за зачекорување отаде употребата на хипертекстот како нешто повеќе од „каприциозно пишување фусноти“ и вистинското користење на сложените поврзувачки структури на хипертекстот помеѓу несериските јазли во философијата,

_____________________________________

1. Хипертекст верзијата на Сократ во лавиринтот произлезе од пократката верзија во форма на есеј, којашто се појави во Хипер/Текст/Теорија на Лендоу. Иако хипертекстот го вклучува целосниот текст на покусиот линеарен есеј и е значително посложен и пообемен – се состои од околу 25000 збора наспроти 9000 збора во линеарниот есеј – јас ја цитирам верзијата на есејот секаде каде што е возможно, поради проблемите коишто ги имав со интерфејсот во хипертекст верзијата. Не ќе можев да употребувам многу од моќните опции достапни во Сторѕспаце, како снимањето на моето читање, што би го олеснило цитирањето на хипертекстот. Исто така, честопати ќе морав да ја затворам и рестартирам програмата, бидејќи текстот би се претворил во бесмислени линии од рамки и облици. Овие проблеми не го поткрепуваат Колбовото тврдење дека хипертекстот би можел да биде полезен за философијата, но во оценката на примената на неговите идеи, се обидов да ги занемарам техничките проблеми.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+