Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Галерија Осврти

Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

/4
стр. 1
Јане Алтипармаков

    „Дејвид Линч е ренесансниот човек на модерниот американски филм, признат и нашироко познат сценарист-режисер, како и телевизиски продуцент, фотограф, карикатурист, композитор и графички артист“. Со оваа реченица започнува биографскиот текст за Линч на енциклопедискиот сајт АМГ, како најсоодветен начин да се започне текст-портретот на еден од најзначајните филмаџии во светот на современата филмска уметност и индустрија. Човекот што во (со) своите филмови успева да изгради специфични светови, кои истовремено привлекуваат и одбиваат, застрашуваат, провоцираат, пенетрираат во (пот)свеста на реципиентот, инспирираат.
    “Eagle scout Missoula Montanae” – се зборовите со кои самиот Линч се опишал себеси пред печатот во 1990. Малку подолго, неговата биографија би изгледала вака:
    

    Роден е како Дејвид Кејт Линч на 20 јануари 1946 година во Мисула, Монтана, САД. Раната младост ја поминува на места како Ајдахо, Вашингтон, Северна Каролина. Во 1961 година, заедно со семејството се сели од пацифичкиот северозапад во Александрија, Вирџинија. Во 1965 година Линч заедно со пријателот Џек Фиск заминува за Европа, сакајќи да учат од познатиот експресионистички сликар Оскар Кокошка. Ги посетуваат Париз и Атина, но по 15 дена се враќаат во Америка. На самиот почеток од 1966 се преселува во Филаделфија и се запишува на тамошниот P(ennsylvania) A(cademy) of F(ine) A(rts). Линч дипломира на школата веќе во ‘67-та, а следните две години во неговата биографија се обележани со групна и соло изложба во филаделфиските галерии.
    

    Негови дела биле изложени и на уште неколку изложби, и тоа: на групната поставка на Интернационалниот саем на уметноста во Вашингтон во 1979, соло изложба во галеријата на Џејмс Коркоран во Лос Анџелес и т.н. „Californian Exhibition“ во галеријата „Roger La Pelle“ во Филаделфија, Пенсилванија во 1987 година, соло изложба во галеријата „Leo Casteli“ во Њујорк во 1989, во Музејот за современа уметност „Touku“ во Токио во ‘91, групна изложба на фотографии во Центарот за современа уметност во Синсинати, заедно со Денис Хопер, Џон Вотерс и Тим Бартон во ‘97.

Покрај со сликање и фотографија, Линч има работено и дизајн на мебел, а со својот постојан соработник, композиторот Ангело Бадаламенти, ги продуцирал и ги напишал стиховите за албумите на Џули Крус “Floating in the night” и “The voice of love”, а копродуцент е и на нејзината верзија на “Summer kisses, winter tears”, поместена на саундтракот за Вендерсовиот „До крајот на светот“. Во неговата творечка биографија се наоѓаат запишани и видеоспотовите за сингловите “Wicked Game” на Крис Ајсак и “Unfinished Sympathy” на Massive Attack. Има режирано и повеќе реклами, а во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+