Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Звук Осврти

Интервју со Мајкл Хил

Доколку го сакате она што го правите, ќе преживеете!


/3
стр. 1
Васја Ивановски

Мајкл Хил

Повеќето музички критичари кои редовно ги следат настаните на светската блуз сцена, како и љубителите на овој музички жанр, се согласуваат во едно: Мајкл Хил е еден од неколкуте „одбрани“ кои ќе го однесат блузот во новиот Милениум. Со секој свој проект, секој настап, Мајкл Хил го потврдува искажаното. Едноставно, тој поставува нови стандарди кога станува збор за блузот. Во тоа, всушност, се уверија и љубителите на блузот во Македонија, кога пред две години тој одржа концерт во рамките на скопскиот блуз и соул фестивал. Неговиот настап сè уште се прераскажува, а не треба да се заборави дека во Скопје настапија и имиња од рангот на Б.Б.Кинг, Реј Чарлс, Лаки Питерсон и други!
    Во ексклузивен разговор за „Блесок“, Мајкл Хил зборува за својот музички пат, своите планови и желби.

ВИ: Кажи ми нешто за твоите активности во последно време.
    Мајкл Хил:
Во моментот јас и мојот состав сме концентрирани околу издавањето на нашиот најнов албум „Поголем од животот“ кој е издаден за француската дискографска куќа „Диксифрог“. По трите успешни албуми за фирмата „Алигатор“ сметав дека е време да направиме промена во концепцискиот и во продуцентскиот пристап со што нашиот звук уште повеќе ќе се доближи кон она што како бенд се стремиме, а тоа е идејата за блузот како универзална категорија. Во таа смисла албумот го сметам како наше најдобро остварување и во моментот сме зафатени со неговата концертна промоција во Европа. Штотуку настапивме на фестивалот во Рава, Полска, а следуваат и фестивали во Англија, Франција, Холандија, Германија и Белгија. Потоа свириме низ САД и веројатно некои земји во Јужна Америка. Како што гледаш, во моментот има доста работа за нас!
    
    ВИ:
Кога спомна работа, може ли да се живее од блузот?
    Мајкл Хил:
Може, доколку се викате Б.Б.Кинг или Бади Гај, ха ха ха! За останатите е потешко, но доколку сте настојчиви и го сакате она што го правите, ќе преживеете!
    
    ВИ:
По многубројните настапи низ светот, секако си квалификуван да кажеш има ли разлика помеѓу публиката, да речеме во САД и Европа?
    Мајкл Хил:
Публиката во принцип е воглавно иста, бидејќи тука се работи за срцето и чувствата, желбата на луѓето да се забавуваат и да почувствуваат некоја од нашите пораки. Навистина нема разлика во тоа како реагира публиката каде што настапуваме; според мене, луѓето повеќе ги врзуваат сличности отколку разлики. Јас особено се чувствувам добро кога публиката пред мене е задоволна од она што го правам, а тогаш воопшто не ми е битно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+