Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Галерија Осврти

Куса биографија на Оскар Кокошка

/2
стр. 1
Јенс Питер

Оскар Кокошка (1886 – 1980)

Оскар Кокошка е роден во Пухларн на Дунав, Долна Австрија, на 1 март 1886. Неговата мајка потекнува од шумарско семејство од Долна Австрија. Неговиот татко имал потекло од славната лоза на прашките златари, но кога Оскар се родил, татко му работел како трговечки патник за една фирма за накит. Оскар бил второ од четирите деца во семејството.

Неколку месеци по неговото раѓање, семејството се сели во Виена. Во 1904 ОК е награден со стипендија од Kunstgewerbeschule (Училиште за уметности и занаети). Имал намера да биде учител по уметност. Во 1908 ја поставил својата прва изложба. Поточно, му се укажала можност да претстави некои од своите дела, кога групата Климт ја посетила Виена.

Во 1909 ја има првата самостојна изложба во “Internationale Kunstschau”, а истата година го напушта училиштето. Во 1910 заминува во Берлин, за по првпат да работи со Волден. Во 1912 неговото име станува познато во уметничките кругови ширум Европа: учествува на сите важни изложби на континентот.

Во 1913 се жени со Алма Малер, којашто за него изградила куќа во којашто ќе може да работи и каде што поминале една година. По абортусот на Алма во 1914, тие се разделиле.

На 1 август 1914, започнала Првата светска војна. Оскар се пријавува во една од најелитните регименти во Австро-Унгарската армија, 15-та Кралска Коњаничка. Бил испратен на Источниот фронт, каде што е ранет и потоа отпуштен од армијата како неспособен за служба.

Во 1918 умира Густав Климт. Оскар ѝ пишува на мајка си: „Плачев по кутриот Климт, единствениот виенски уметник којшто имаше талент и карактер. Сега, јас сум негов наследник, како што еднаш од него побарав во “Kunstschau”, а не се чувствувам подготвен да го превземам водството врз тоа стадо изгубени овци“.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+