Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Театар Теорија

Концептот на времето и просторот

во драмите Среќни денови и Чекајќи го Годо на Семјуел Бекет


/8
стр. 1
Ричард Франк

    Бекет ја избегнува стапицата на конкретно време и физички простор со забришувањето на специфичностите во позадината. Кога датумот на средбата со Годо се релативизира и сигурноста на ликовите се повлекува пред нападот на загриженоста и скептицизмот, почетната специфичност на средбата се претвора во некоја универзална повременост на „средба“.
    Бекет истовремено не се двоуми да ракува со неврзаните парчиња на времето и просторот, спојувајќи ги во хетерогена сцена со еднозначајна смисла. Погледот на ликовите скока од сегашноста во библиското минато и назад. Дејствието се преместува од едно место во друго без ограничувања. Кога неколку епизоди со различна историска позадина се совпаѓаат во единствен контекст, посебноста на индивидуалните епизоди води кон неутрализацијата на универзалноста на ситуацијата, па така целокупното дејствие се претвора во аисторично мешање на случувања и во безвременски преглед на човечката положба.
    Во Чекајќи го Годо драматургот го врзува мизерниот живот на двајца бездомници со идејата за христијанско бдеење (vigilia), издигнувајќи ја најниската животна форма (humilitas) во библиска димензија (sublimitas). Кога се обидува да ни го оцрта најтривијалниот начин на живеење, Бекет всушност го евоцира најблагодарниот и најсвет начин на постоење. На реалистичката сцена е длабочината на времето. Во секоја од сцените сме сведоци на миг од историјата на општеството, претставена во делото. Кога се крева завесата, претпоставуваме дека просторот што го гледаме на сцената постои и пред да го видиме, а ќе продолжи да постои и како имагинарно општество кога завесата ќе се спушти. Во Бекетовата драма таков тип на општество кое ние обично го доживуваме во нашите животи не постои, и ирелевантно и бесмислено е да се бараат социјалните корени на ликовите и со тоа да се проценуваат нивните дејствија како во конвенционалната драматургија. Бекетовите ликови и нивните светови немаат препознатливо минато и однапред одредени врски. Неговите „бездомници“ се едноставно уфрлени во непозната земја без претходно објаснување за нивната состојба. Тие скоро не се препознават како членови на иста заедница, ниту знаат што да прават еден со друг или со времето кое им е на располагање. Бекетовата сцена дејствува во бескрајна сегашност или во просторно, привремен вакуум. Дејствието е полно со прашања, но без одговори.
    Во втората сцена на Чекајќи го Годо Владимир го опсипува Поцо со прашања за нивниот идентитет, бидејќи Поцо и Луки се слични а воедно и различни.
    Владимир: Значи тој е?
    Поцо: Што?
    Владимир: Тој е Луки?
    Поцо: Не разбирам.
    Владимир: И ти си Поцо?
    Поцо: Секако сум Поцо.
    Владимир: Истиот како вчера?
    Поцо: Вчера?
    Владимир: Вчера се имаме сретнато. (Тишина) Не се сеќаваш?
    Поцо: Не се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+