Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 25 | година V | март-април, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 25март-април, 2002
Критика

Неостварливоста на љубовта

кај Црњански и кај Георгиевски


/5
стр. 1
Лорета Георгиевска Јаковлева

    Романсиерското остварување на Црњански и на Георгиевски, и покрај тоа што во центарот на своето интересирање го поставува проблемот на прогонот, и романот Селидби и трилогијата Црно семе, Време на молчење и Рамна земја можат да се определат како дела целосно посветени на љубовта. Кога романот ја допира темата на љубовта, тој речиси никогаш не ја опишува како нешто блиско и лесно достапно, а често како морално недозволено. Второто име на таквата љубов е страст. Значи, во романите што се предмет на нашето интересирање не љубовта, туку страста е онаа доминанта што претставува покренувачки фактор во организираљњето на романите и нивниот идеен склоп. Зошто опсесивната насоченост на ликовите и во двата романа со желбата да се надвладее дадената неповолна состојба, предизвикана од прогонството преку упорноста во опстојувањето на родното тло и љубовта, поадекватно се именува со терминот страст. Според дефиницијата на Дени е Ружмо (Denis de Rougemont) страста претставува нешто трето што се вовлекува меѓу субјектот и објектот и се дефинира како пречка. Таа пречка најчесто е општествена (морална, обичајна или политичка) и на крајот се меша со самото општество. Заради потребите што ги наметнува раскажувањето, пречката може да биде претставена во облик на dramatis persona (на пример во авантуристичкиот роман пречката се манифестира како класичен непријател, или, според терминологијата на Проп „штетник“), како контекст – склоп од општествено-политички и социјални односи кои владеат во одредено време или средина (карактеристична постапка за класично-реалистичкиот роман на 19 век) или пак, таа пречка прераснува во темата љубов?страст, каков што е случајот со наведените ронмани. Поинаку кажано, во предметните романи постојат две централни теми: прогонството, која во дискурсот се исчитува како пречка и љубовта – како надминување, совладување на пречката.
    Од друга страна, пречката се доживува како недостаток или одвоеност. Човековата желба да го надмине недостатокот и да ја обнови интеграцијата, во крајно неповолни услови, произведува насоченост кон имагинарното и сонот, така што склоноста кон иреалното има силна компензаторска функција, функција што се очитува во релацијата – замена за недостаток.
    Така, кога зборуваме за темата љубов во рамките на трилогијата на Георгиевски и Селидби на Црњански, неминовно е таа да се доведе во релација со темата прогон, односно тие да се разгледуваат во заемно причинско-последични релации, при што љубовта се изразува како стремеж кон интеграција на човековото битие, сфатена најшироко. Темата љубов/страст е доведена во директен однос со темата прогон/бездомие, т.е. преку книжевносто моделирање на човекот како битие кое што е во постојабна потрага на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+