Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Проза

Либроманија

Безопасен анахронизам или многу опасна зависност!


/3
стр. 1
К. Н. Ижмољлцев

   Еден, навидум безопасен анахронизам е на пат да стане сериозна пречка во остварувањето на грандиозниот проект за целосна имплементација на дигитализираната нова писменост! Станува збор за остаток од минатиот век, за една лоша навика, којашто слободно може да се оквалификува како патолошка!
       Имено, уште на почетоците на дизајнирањето на, сега веќе згаснатата, „Гутенбергова галаксија“, визионерските умови знаеја дека тоа мора да биде една преодна фаза кон многу посовршен медиум! Но, како нуспродукт на тогашниот ентузијазам и неоправданиот либерализам, освен корисните и функционални дострели на прагматичните умови, беа графички фиксирани, или, да се послужиме со еден несмасен архаизам „испечатени“ и не мал број на нефункционални и непрагматични „дела“, коишто подоцна беа еуфемистички именувани како „белетристика“!
      Е, токму оваа „белетристика“ денес го зема својот мрачен данок! И каде на друго место, ако не на нашиве простори! Ако во развиените членки на Алијансата, ваквата навика речиси е искоренета, па регистрирањето на случаите на либроманија е куриозитет, овде оваа појава е на пат да стане сериозен проблем! Најчести жртви на оваа зависност се припадниците на т.н „средна генерација“, којашто има и најголем отпор во прифаќањето на новата писменост! Тоа е и разбирливо, со оглед на фактот дека се родени и воспитувани во време кога оваа појава не била сфаќана доволно сериозно, па – дури парадоксално – и била охрабрувана! Од денешна дистанца, може јасно да се согледа колку било погубно формирањето на разните клубови на читатели, клубови на почитувачи на книгата, во коишто тогаш младите луѓе се поттикнувале да ја развијат оваа опасна склоност, којашто ќе ги одбележи нивните животи засекогаш!
      Неодамна, еден таков руиниран „уживател“, се согласи да проговори за генезата на неговата погубна склоност. Г.Н., четириесет и петгодишен социјален случај, вели: „Тоа почна многу рано, уште на мои два-тринаесет години! Заради мојата физичка конституција, никако не можев да се адаптирам во игрите на моите другари, коишто, како на пример „Кој прв ќе остане без рака?“, бараа минимум стоицизам и психофизичка издржливост! Чувството на отфрленост се обидував да го амортизирам со препуштање на заводливото дејство на „белетристичките“ наслови. Почнав со работи како „Малиот принц“, „Галебот Џонатан Ливингстон“ и ми беше навистина убаво! Едно дотогаш непознато чувство на еуфорија ме обземаше кога ќе наидев на некои успешни места, морници ми полазуваа по р’бетот и со часови се препуштав на мечтаења за еден поинаков свет! Потоа, на мои шеснаесет години го открив Достоевски и веќе почнав да ги чувствувам и останатите симптоми: незадоволство и отуѓеност од






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+