Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Проза

Исто

/4
стр. 1
Јадранка Владова

     Татко ми долго се искачува по двете скалички. Бастумот со свитканиот дел го става в џеб, со десната рака посега по рамката од вратата и згрбавен, задишано влегува во кујната. Претпазливо седнува врз својот стол издивнувајќи дека имаме желка.
    Мајка ми ги крева вцрвенетите очи од иситнетиот кромид и тие и низ магличката на солзите остро прекоруваат.
    Препознавам: ги спомнува калуѓерките во кафени фустани со синкаво-виолетови ореоли околу главите; манастирот за чија градба дедо ми собрал илјада жолтици; водата што клокоти токму под спалната соба; непознатите луѓе кои со подуени лица застанати во бавчата се загледуваат во нашите прозорци кога е полна месечина; сликите во кои може да се влезе (уште полесно отколку во огледалата!) само со високо зачекорување во рамката; патувањата за кои е потребна само модрикаво-студеникавата темнина зад спуштените клепки…
    Но, измислиците на татко ми никогаш не спомнале животни.
    Имало крилести коњи за ангелите од неговите визии за оздравување … И, да! Еднаш, враќајќи се од улица (нагрнат со дебел џемпер врз ригите на пижамите) рече дека цели десет магариња го чекаат својот кројач. Но, тоа беше (сè уште) на почетокот на болеста, па го сфативме како мошне успешна шега на сметка на чичко Ристо – самарџијата.
    Затоа сега прашувам:
    – Каква желка?
    – Многу розова – вели тој и спокојно го впива чадот на запалената цигара.
    Мајка ми без збор, резигнирано ги подзабришува солзите со зглобот од десната рака, а јас само за миг се загледувам во збрчканото, магливо лице на татко ми чиј израз го поттикнува моето второ прашање:
    – Каде ја виде?
    – Во дворот – вели со несигурна нишка во гласот која како многупати ветува скришни гнезда за чудата што слични ги наоѓам во книгите што ми се допаѓаат. Јас честопати правам грешни избори, па и овојпат ја секнувам можноста татко ми да се расприкаже. Се враќам во книгата, помислувајќи дека појавата на една желка во нашиот двор, иако невообичаена, не е доволно чудо за да ги слушам сите попатни и повторни дигресии на татко ми. Тој нема да пропушти да го спомне стариот манастир, потоа мајка ми ќе извика:
    „Какви манастири! И тоа во нашиот двор!“, и – магијата ќе исчезне, ќе се престори во обична семејна караница.
     Татко ми, негрижлив за сите надворешни влијанија, втонува во себе. Ја гали својата немоќна, вкочанета рака со другата низ одмерени, спори движења, кои, како единствени средства против болката, го истегнуваат и единствениот, тенок и проѕирен конец кој го врзува за обичниот свет. Заустувајќи да каже






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+