Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Есеи

Мојот Балкан

/5
стр. 1
Игор Исаковски

Леб и сол

     Не, не се однесува на бендот, туку на обичајот: ред е гостите да се пречекаат со леб и сол, да им се посака добредојде. Кога ќе погледнам наназад, гледам колку добредојдиња посакале балканските народи, и уште колку испраќања имало. Како на лента, заминува социјализмот (драги мои, коишто плукате по комунизмот: тој никогаш не бил овде!), доаѓа периодот на транзиција, период на голема пермутација, период на мутација. Колку и да звучи глупаво, Балканот мутираше. Секако, мора да се подвлече дека таа мутација е блиска до деградација. Затоа некои „умни“ странски политичари и можеа да се дрзнат на Балканот да му подготвуваат еутаназија. Но, никаде тие не ќе стигнеа ако ние имавме (подобри, поубави и) поумни политичари. Нејсе, ние секогаш сме се заебувале да гласаме за арамии и измамници. Главната балканска болка е постојната потрага по лидер и идеал. По секоја цена, балканските народи би сакале цврста рака и мирен сон: убавината на овој порок е во тоа што секогаш некој друг одлучува, секогаш е некој друг одговорен. Ние немаме ништо со тоа. Ние „само“ сме гласале. Нас „малкуцка“ нè измамија. И, тогаш го измислија терминот „транзиција“. Тоа би требало да (о)значи премин, промена. И минавме, речиси сите. Жедни преку вода. Да не е трагично, би било смешно. Многу нешта се сменија, секако. На полошо. Но, веројатно некому и му требала таа катарза. Само што побрзо да заврши. Станува сè потешко. И побесмислено.

Take the Money and Run

     Заедно со Транзицијата, дојдоа и термините: Претензии, Приватизација, Нација. Национализмот беше само маска: никој не се грижеше за своите малцинства во другите држави. Тие луѓе беа само изговор за грабежи и масакри, изговор за продажбата на големите и малите (до најмалите, дај што да’еш!) фабрики на „заслужните поединци“, изговор за поставување на медимумски ѕидови насекаде околу малите трла каде што јагнињата чекаат нож а овчарите обилно се гостат. И лакомо јадат сè – и утробите, и коските, и питомите очи. Најновите (дали можам да речам „последните“?!) балкански војни се водеа за пари. Териториите беа едно од средствата за плаќање. И сите луѓе коишто таму се најдоа: сите оние коишто не успеале да побегнат и сите оние што останале – луѓе.

Витези на урбаноста

     Најновите балкански војни се, делумно, војни на пасторалата против урбаноста. Така велат новите тези. Повторно ја читам „Сараево за почетници“ на Озрен Кебо. Повторно ја читам „Писма до небесниот народ“ на Гојко Бериќ. Тоа се луѓе коишто таа војна „некако






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+