Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Критика

За некои допирни точки во поетиките на Андриќ и Конески

/10
стр. 1
Јасмина Мојсиева Гушева

Односот на Андиќ и Конески кон насилството

     Страдањето ја условува егзистенцијата на алтруизмот. Прозата и романите на Андриќ во одредена смисла можат да се сфатат како резултат на еден таков обид преку опишаните страдања да се изрази алтруистичката филозофија на авторот и неговото сваќање на историјата на човештвото. За формирањето на ваквиот негов поглед на свет евидентно е и влијанието на лирско-есеистичките ставови на Годфрид Бен за убавината и трајноста на уметничката хармонија. Врз Андриќ големо влијание имал и поетот Волт Витмен од кого го примил чуствовто за пантеистичка солидарност, за демократија и убедувањето дека „Иднината на светот е во слободниот промет и солидарноста на сите раси“.[10] Истиот елемент го има и во поезијата на Конески. Тој е длабоко свесен за постоењето на злото во светот но сесрдно се залага за негово надминување говорејќи дека борбата и упорноста и издржливоста ја чинат суштината на човечката егзистенција. Само со работа човекот може да и се спротистави на смртта и несреќата, човековата безнадежност ја наоѓа својата утеха во создавањето. Можеби и затоа го поставува прашањето за моралната издржаност на „лирата на поетот во скудните времиња“.[11]

_____________________________________

10. Андриќ, Иво, Есеј за Волт Витмен, 1919 .
11. Конески, Блаже, Лирата, Tеми и ликови, Култура, Скопје, 1990, стр. 379.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+