Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Галерија Осврти

Македонски рашомон

Интервју со Милчо Манчевски


/9
стр. 1
Жарко Кујунџиски

ЖК: Не знам колку е познато за јавноста твоето занимавање со хумор и сатира. При крајот на седумдесетите години имаш објавувано кратки хуморески во „Остен“, списание за хумор и сатира. Забележливи се две работи. Пишувани се во трето лице еднина, некој вид филмско бележење. Втората работа се однесува на хуморот, кој во „Прашина“ можевме да го видиме во неколку свои варијанти (иронија, сарказам, анегдота) и преку различни ликови. Во крајна линија и целиот филм е едно иронично поигрување со наративниот филм. Каква функција му припишуваш на хуморот во твоите проекти: да ја олесни комуникативноста со публиката?…
    ММ: Хуморот има две причини. Една – го прави комуникативен. Втора и многу поважна е тоа што е дел од некоја животна еуфорија. Иако не сум јас тој што треба да го каже тоа, за мене тука е најголемата разлика меѓу „Пред дождот“ и „Прашина“. „Прашина“ е покомплексен филм. И покрај таа збогатена комплексност, сепак најголемата разлика е во хуморот, на површина има повеќе од таа животна еуфорија, а во исто време има и мачнина. Едното без другото не функционираат. Треба да ги имаш двата краја на спектарот за да ја добиеш комплексноста. Ако ја нема сенката нема да ти биде доволно јако ни сонцето. Хуморот во суштина е страшно тежок. Нешто што за тебе е смешно, за мене не е. И обратно. Особено меѓу различни култури, па затоа очекував дека тешко ќе патува. Она што најмногу ме изненади и она што ми беше најважно е дали публиката ќе реагира на смешните места. Заклучив дека нормална публика исто се смее на смешните места и во Торонто, и во Токио и во Скопје. Онаа причина поради која почнав да се занимавам со филм е приказната, расказот полесно да искомуницираат со гледачот. Тоа тука е остварено, во спротивно тоа би било обичен текст, книга. Многу ми е интересен хуморот кога е ставен во неков контекст, како што честопати се сретнува во чешки филмови од времето на Форман и на Иван Пасер, потоа како што тоа е направено во „Среќа“ на Тод Солонѕ (тоа е хумор, но истовремно ти се крева косата на главата), потоа како во филмовите на Роман Полански (морбиден хумор)…
    

ЖК: Лично се согласувам дека уметноста треба да зборува за универзални нешта, дека секоја приказна, колку и да е интимна, лична, уметникот е тој што треба да ја претстави во колективна рамка. Но зошто Милчо се брани како од ѓавол кога ќе се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+