Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Звук Осврти

Алката што недостасуваше

Кисмет - Dreaming (Авалон продукцијa, 2002)


/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Кисмет

     Ова е албумот што познавачите и почитувачите на херојството на култниот Мизар го исчекуваа цела една деценија. Dreaming дефинитивно е алката што недостасуваше за да биде кругот затворен. Дури сега Горазд Чаповски, единствениот од оригиналната постава (читај обете откровенија) што остана за сето ова време да се справува со демоните што може да ги изнедри една таква позиција: да се надмине, надгради историчноста на Мизар, со право треба да се чувствува како голем победник. Имено тој, по „сајбер-етно-готик“ (определба за која се закачија рецензентите) North Atlantic Balkan Express (кој патем е плод и на авторовата растргнатост меѓу двете средини, Австралија и Македонија, навиките и копнежот по родната грутка) и попатно реализираниот Мизар „трибјут“ албум (единствено значаен само поради почитта кон култот што ја пројавија претставниците на новата генерација македонски бендови), потпишува материјал кој не само што е најблиску до звуковната Мизар одредница и поетика, туку е и нејзино ововремено разигрување. И, притоа веше стореното не е камен за околу вратот, туку катапулт кој го лансира бендот во реалноста од почетокот на веков. Затоа, „тагата“ по харизматичниот вокал на Горан Таневски, сега е заменета со радоста што зад песните застанале една Вања Лазарова (новата верзија на традиционалната Слага се сл'нце зададе е преубав пример колку енергија може да има во една елегична фолклорна тема ако ѝ се пријде со сентиментот на генерацијата која не љуби да го „конзервира“ сопственото звуковно наследство), Горан Трајковски од Анастасија (басистот и придружниот вокалист во едно од откровенијата на Мизар, со Извор како да вели дека сè уште не открил сè од сопствениот сноп вокална светлина),

Билјана Волческа (Кисмет)

Рубин Кантарџиоски (лидерот на Dont!Who?One само навидум може да биде бележан како некој кој вокално најблиску стигнал до она што го дал Таневски, арно ама нималку не се работи за пресликување што не е изводливо туку за интерпретација која ја карактеризира длабочината на гласот и ништо повеќе од тоа) и конечно извонредната Билјана Волческа, вистинско откритие и девојка која допрва како вокалист ќе го каже својот збор (најдобра потврда за тоа е емотивната изведба на кавер верзијата на Индекси класиката Сањам, инаку овде насловната тема). Посебна приказна, во случајов е улогата на Ристо Вртев, човекот што своевреено ја зачнал Мизар сторијата и го определил првичното откровение на бендот – средината на осумдесеттите). Тој на Dreaming свирел гитари, помагал околу аранжманите во некои од песните, автор и изведувач е на до болка потонатата „македо – американа“ I'm so






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+