Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 02 | година I | април-мај, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 02април-мај, 1998
Проза

Утрото во кое јаваа на коњ...

/3
стр. 1
Соња Манџук

… човекот и неговиот одамна невиден пријател со брзина на ветер во зелената трева над која се извишуваа не многу стрми карпи кон сино-виолетовото небо (пишувајќи поезија)

Човекот за кого овде има можност да стане збор беше сместен во еден и нему непознат предел: на една сина карпа, не многу стрма; наоколу други не многу стрми карпи; наоколу зеленило и сино-виолетово небо.
    Тоа можеше да биде добар почеток но не беше предуслов. Впрочем, каков е тој предел: сина карпа, не многу стрма; исто така наоколу други сини карпи, исто така не многу стрми и зеленило исто така наоколу и сино-виолетово небо над. Како и да е, човекот беше сместен во таков предел (од кои причини и нему не му беше ниту јасно ниту загадочно – едноставно беше таму) и можеби поради тоа почувствува притисок во темето и она што потоа се случуваше се случуваше со голема брзина или забрзано или едноставно се случуваше: излезе од телото, неговата душа и знаеше дека може да полета и неговото тело, но не знаеше каде. Неубедливо звучи, но човекот навистина не знаеше каде, можеби затоа висеше, неговата душа над неговото тело и се двоумеше, ако тоа е тоа што неговата душа го чувствуваше.
    Од /неговата/ десна страна се наоѓаше шумска патека, а на неа во лесен кас бел коњ. Белиот коњ, мислеше неговата душа, или знаеше, може да биде и не многу поволен знак /откако (човекот) ќе се разбуди и ќе се обиде да го протолкува сонот/ и затоа се обиде да го обои коњот во црвено, на пример. Коњот беше жив[1].
    И: се качи човекот на коњот или попрецизно: одеднаш се најде на него а коњот веќе не беше ниту бел ниту обоен туку беше едноставно коњ, па што и да значи тоа.

_____________________________________

1. Коњот беше жив – Оваа реченица, иако проста, ќе предизвика голема зачуденост и збрка дури и кај писателот, а тој во напад на искреност ќе му го каже тоа на својот издавач. Имено, ниту тој самиот (писателот или композиторот како што себеси се нарекува, н.з.) не знаел што со неа сака да каже, па затоа, и онака склон кон мистификации, ќе се обиде да го убеди издавачот, а можеби и самиот себеси, секако и читателот, дека таа реченица (Коњот беше жив, н.з.) тој всушност и не ја напишал – забелешка на издавачот.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+