Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Театар Осврти

Време на моментот

(избор на Мина Шпела Крстевска)


/8
стр. 1
Трајче Кацаров

_______________________________________________________________________

За националниот театар

     Во намерата да ја потенцира потребата од театарска естетика, која не ќе произлегува од беспрекорната дикција на актерите од страна, туку од актерите кои пелтечат но тоа го чинат на сопствен јазик, Аугусто Боал, бразилскиот театролог, вели:
     „Во земјите во развој беше обичај да се земат како модел и цел, театрите престолници… На уметникот не му е дозволено да биде под влијание на оние кои се наспроти него: Тој сонува за друштво на т.н. учени гледачи. Тој настојува да ги интегрира туѓите традиции не искажувајќи ги своите. Ја зема културата како божја порака, а при тоа самиот не изговара ниту едно зборче.“
     Понатаму, во објаснувањето дека театарот секогаш треба да одговара на естетските потреби на рецепторот, т.е. секоја публика сака претстави кои ја потврдуваат нејзината визија за светот, тој вели дека:
     „Колевката на епскиот театар би била незамислива без своите илјадници пролетери, а кастрацијата и антропофагијата на Тенеси Вилијамс, без Њујорк. Би било, исто така, апсурдно да се прикажува Брехтовата „Мајка“ на Бродвеј, како и „Ноќта на игуаната“ пред „Берлинскиот синдикат“.
     Борис Зингерман во својата книга „Жан Вилар и други“, изнесува материјал што кореспондира со ставот на Боал. Зингерман вели:
     „Антоан, плашејќи се од експанзијата на рускиот театар во 1923 година, поточно плашејќи се од Камерниот театар на Мејерхолд и претставите на Таиров, рекол: Ако не го сопрете непријателот, тогаш ќе нема француски театар, а нашите претстави ќе бидат претворени во германски, руски, црнечки.“
    
Што ни кажува тоа? Гласно и јасно дека театарот не е само карневал и празник туку дека е и механизам. Механизам на драмскиот ритуал на кој можеме да му одредиме провениенција, национален хабитус, националност. Што значи тоа?
     Значи дека треба постојано да му ја предочуваме неговата иманентна задача:
     – да биде остров во архипелагот на острови;
     – да одговара на домашната естетика на театар;
     – да гради емоционален контакт со публиката.
     Во книгата „Лавиринти“, Бора Драшковиќ вели: „Драмската ризница е генеалошко стебло на еден народ.“ Истото може да го кажеме и за театарот, а при тоа да додадеме дека: „театарските годови се размножуваат, ткивото созрева во просторот“. Созрева, а зошто? За народот, не сам, туку со својата тешкотија и со осаменоста да влезе во таа созреана клетка и да ја почувствува. Да ја чувствува како охрабрувачки топла, како дишењето на своите најблиски, а при тоа да молчи ама на свој мајчин јазик. Нема човек кој не ужива кога ќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+