Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Театар Осврти

Есеизам каков што сè помалку го има

кон книгата театарски есеи „Време на моментот“ од Трајче Кацаров, „Три“, Скопје, 2000


/3
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

     Кога бев малечок, се чудев на една необична особина на татко ми – да запишува на ливчиња мисли и изреки на автори од книгите што ги читаше. Тие ливчиња ми пречеа (летаа насекаде) кога ги читав и јас истите книги, а не гледав некоја посебна смисла во таа навика. Подоцна сфатив дека токму на тоа се должи познатата речитост на татко ми. Подоцна ја сфатив и смислата на таа екстравагантна активност на татко ми. Дознав дека уште пред 400 години некојси Монтењ ја вовел практиката да вади и запишува белешки од прочитаните книги, да ги вметнува во посебни текстови и да ги објавува. Со таква активност се занимава и мојот пријател Т. Кацаров кој, за разлика од татко ми кој остана орален есеист, тие свои есеи ги публикувал во книга. Книгата, според моето скромно мислење, е лошо технички и визуелно подготвена, има малку тежок, комплициран наслов, но во себе има еден жив есеизам, кој што сè помалку се практикува во нашата средина, особено од оние трендсетери или трендмејкери, по клучните места (катедри, книжевни и јавни институции, медиуми и сл.).
     Што е карактеристично за тие трендмејкери, односно за есеизмот на Кацаров? Брајан Мекхејл во својата книга „Постмодерна проза“ разликува две варијанти на книжевното писмо: епистемолошка и онтолошка, па според тоа ја прави дистинкцијата модерно/постмодерно. Текстовите со епистемолошка доминанта настојуваат светот и нештата да ги спознаат, да ги поимат, да ги одредат и специфицираат, додека во текстовите со онтолошка доминанта светот и нештата се изразуваат, се наративизираат, се претвораат во битие. Кај нас, последните години доминира епистемолошката есеистика, барем кај оние трендмејкери што ги споменавме. Таа есеистика е хипернаучна, хиперцитатна, објективизирана, стегната, неутрална во јазикот и изразот. Трајче Кацаров е надвор од тој тренд. Тој, сосема маргинално, упорно и постојано, го тера неговиот онтолошки есеизам чии карактеристики би биле наративизирањето на есејот, субјективниот, силно експресивен и афективен, израз, бројните реторички фигури и нагласената иронија. И тука постои еден хијазматичен парадокс. Современите тенденции во науката настојуваат да го разбијат нејзиниот крут сциентизам, согледувајќи бројни недостатоци на таквиот пристап, се обидуват да ја онтологизираат науката. Но во исто време, како што рековме, токму сциентизмот го „загадува“ есејот со епистемологичност, чии што карактеристики ги споменавме. Затоа прашање е што е современо а што анахроно во нашата и во светската есеистика, што е маргинално а што централно. Башка што онтолошкиот есеизам е поблиску до изворните мајстори. (Да, и вашиот автор се „шлепа“ на трендот на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+