Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Звук Осврти

Збогување со имагинарниот свет

Интервју со Горазд Чаповски - Кисмет


/6
стр. 1
Љупчо Јолевски

Кисмет

Кисмет, единствениот македонски бенд со активен договор за објавување на изданија за странски издавач – лосанџелескиот Tone Casualties, деновиве го објави своето ново албумско остварување Dreaming (Авалон продукција). Се работи за дефинитивно најсилното и највозбудливото издание на овој бенд, материјал кој го воскреснува духот на култниот Мизар. Она што ги поврзува обата бенда е името на гитаристот Горазд Чаповски, еден од големите интуитивци и двигатели на суштински важните делови од сторијата за храбриот македонски рокенрол.

* Со новиот албум како да велиш: еве конечно се вратив од туѓина и сега си сум свој на своето. Имам впечаток дека се прости со илузиите дека можеш да бидеш некаде на друго место и творечки да бидеш оној истиот, иако ценам дека ти беше неопходно искуството што го стекна во последниве години. Колку има вистина во тоа?
    – Некако ми се собраа десеттина години „емиграција“. Две години поминав во Англија, а осум во Австралија, па мислам дека беше доволно. Инаку, за целото време јас со мислите бев овде и само го чекав моментот кога ќе пресечам. Таму „долу“, како што знаат да кажат за австралискиот континент, сè ми беше обезбедено и водев еден прелагоден живот. Арно ама сега гледам дека сум живеел во еден свој имагинарен свет. Снимав, свирев со бендот во клубови и навидум сè беше во ред. Меѓутоа  кога сега ќе ги слушам албумите што ги снимив, ми станува јасно дека сум бил заробеник токму на таквиот лагоден живот, на тој имагинарен свет кој во тој период ме опкружувал. Не дека се работи за лоши материјали или слично. Напротив. На крајот на краиштата, со нив ја пропатував Австралија и стигнав до еден издавач каков што е американскиот Tone Casualties. Едноставно мислам дека во нив недостига еден добар дел од мојата душа. Види, мене во ниту еден момент не ми беше пресечена папочната врска со татковината, со ритамот, со музиката… но, туѓината си е туѓина. Сега сум дома и сè што ќе прави Кисмет ќе почнува одовде и ќе завршува овде, во Македонија.
    * Некако ми се чини дека ти беше потребно малку подолго време повторно да ја почувствуваш срединава онака вистински, со сите нејзини трвења во ова време – невреме, за да можеш да ја започнеш новата авантура на Кисмет, од тебе да излезе музика, да се родат песните за новиот албум.

    – Последниве година и половина, додека го работев новиот албум, катадневно одев во една од оние „скара на кило“ кафеани, во Тафталиџе,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+