Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Проза

Сон

од „Запис и сништа за Александра Магнум“


/6
стр. 1
Владимир Шопов

Од каде доаѓаш?
    Од Никаде, господине.
    А каде е тоа, човеку?
    Македонија, господине.
    Такво нешто никогаш не постоело,
    не постои, ниту пак ќе постои некогаш,
    човеку!
    Знам, господине.
    Та нели ви кажав оти сум од Никаде.

     Плипот народ се беше насобрал во Дион тие денови. Врвулици луѓе од сите краишта на Македонија поточеа кон светиот град на Македонците. Старци, жени и деца, недоветни и умни, колобани и кепеци, слепи, сакати, бедни и богати, дуздисани и парталави, со еден збор сè што во Македонија можеше да стои на нозе во тие априлски денови на триста триесет и четвртата, појде кон градот под Олимп во кој нашиот крал ја приреди прошталната свеченост. Итаа на коњи, на мазги и магариња, а највеќе пеш. Мнозина заостануваа и отепани од умор ганѕаа по патиштата како пијани кокошки. Талнуваа, скршнуваа кон исток, или кон запад. Некои дури се враќаа таму откај што пошле пред денови, несвесни за тоа. Други се струполуваа во ендеците крајпатни, по ливадите или во шумјаците, ќе преспиеја таму ден-два, ќе закрепнеа и во Дион пристигнуваа кога сè веќе беше готово.

     Оние што стасаа навреме, а ги имаше повеќе илјади, дење го преплавуваа градот, неговите широки и недогледни авении, по кои Дион беше познат надалеку. А ноќе, кога дневните свечености ќе привршеа, илјадниот народ дојден од Горна и Долна Македонија, се распрснуваше по шумовитите падини на Олимп и вдолж песочниот брег на Белото море. Таму секој наоѓаше засолниште под некоја карпа, во грмушка, или копаше длабнатина во песокта, за да се мине ноќта и сонот да го пододмори телото за утрешните свечености. Априлските ноќи ги примија дионските гости во својата питомина. Сите девет дена, зашто свеченостите траеја токму толку денови, времето беше сончево и топло. За среќа годината не беше дрчовна. Не заврна ниту еднаш, ни тогаш, а ни три недели потоа, кога Александар го јавна Букефал на чело од триесет и петилјадната македонска армија. Дури некаде пред Хелеспонт заврна пороен пролетен дожд, повеќе и од добредојден.
    Но, да се вратам во Дион каде што нашиот крал Александар ги приредуваше прошталните свечености. Јас такво нешто дотогаш немав видено. Еднаш бев на Олимписките игри во Атина, во Филипово време, кога во македонско-атинските односи дувна кусотраен топол ветер, меѓутоа, ова што го приреди македонскиот крал го надмина она што го бев видел таму. Во деветте дена се изредија на стотици поети, пеачи, актери, говорници, танчери, сликари и скулптори од сите краишта на Македонија. Дојдоа и гости. Од Епир, од Тесалија, од Тракија, а ги






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+