Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 26 | година V | мај-јуни, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 26мај-јуни, 2002
Есеи

Меми: увод

/2
стр. 1
Глен Грант

„Идеја е нешто што ти го имаш, идеологијата е нешто што тебе те има“
    Морис Бирмен

Што ако идеите се вируси?

     Да го разгледаме T-phage вирусот. T-phage не може да се умножи самиот себеси, тој се репродуцира одземајќи DNA од некоја бактерија, принудувајќи го нејзиниот домаќин да направи милиони копии од овој вирус. Слично на тоа, една идеја може паразитски да го инфицира вашиот ум и да го промени Вашето однесување, мотивирајќи Ве да им зборувате на Вашите пријатели за идејата, и на тој начин изложувајќи ги нив на идеја-вирус. Секоја идеја којашто го прави ова се нарекува мем.
     За разлика од вирусот којшто е шифриран во DNA молекулите, мемот не е ништо повеќе од образец на информација, таков кој развива форма која ги поттикнува луѓето да го повторуваат тој образец. Типичните меми вклучуваат индивидуални слогани, идеи, фрази кои служат како мото, мелодии, икони, пронајдоци и манири. Можеби идејата дека луѓето се домаќини на променливите низи симболи на умот ќе звучи по малку злокобно, но всушност во тоа се состои целокупната човечка култура.
     Како вид, ние сме коеволуирале со нашите меми. Замислете група индивидуи од раниот homo sapiens во доцниот плиоцен, кои го поседуваат најновото високо развиено средство, секирата, и се обидуваат да им покажат на своите homo erectus соседи како и тие можат да ја направат. Оние кои не можат да ги навикнат своите глави на новиот мем, заостанувајќи, ќе бидат исфрлени од развојот од страна на нивните поумни роднини.
     Во меѓувреме, самите меми се развиваат исто како во играта „расипан телефон“ (каде што пораката се шири секојпат полека преобразувајќи се). Селакцијата ги фаворизира мемите кои се најлесни за разбирање, помнење и општење со другите. Искривените верзии на употребливиот мем веројатно би биле отфрлени.
     Така, барем теоретски, способноста да се разберат и поврзат комплексите од меми е спасоносна особина, и природната селекција би ги фаворизирала оние кои не се премногу конзервативни да ги разберат новите меми. Или не е така? Во пракса, некои луѓе ќе бидат целосно подготвени да го признаат секој нов мем кој се појавува, дури и ако станува збор за опасна бесмислица, како:
     „Скокни од врвот на карпа а боговите ќе направат да леташ“.
     Такви меми навистина се развиваат, создадени од налудничави луѓе, или преку погрешно повторување. Забележете, сепак, дека овој мем може да биде мошне привлечен. Идејата за магичниот лет е толку соблазнителна – можеби, доколку вистински верував, само ќе скокнев од карпата и…
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+