Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Проза

Ни ден без ред

/13
стр. 1
Димитар Солев

(Еден вообичаен ден на еден обичeн пензионер. На други не се однесува. Она што е познато само по себе е здодевно, а она што ни е непознато сè уште е вон кругот на нашиот интерес. Иако напишан, значи, расказов не мора да биде и прочитан.)

     Стануваш по навик рано, поправо не рано туку токму на време. Кога и другите вработени. Не се прашуваш дали навикот ти е од интернатскиот, од војничкиот или од службеничкиот живот. Главно, кога и да легнеш, наспан или недоспан, никогаш преспан, се будиш во исто време како будилник. Но сега, како пензионер, тоа им пречи на другите што одат на работа. Можеби не им пречиш, ама им се плеткаш меѓу нозе – во бањата, во кујната, во ходникот. На младите вработени во куќата не им е јасно зошто ти мораш истовремено со нив да зафаќаш место во клозетот, да им ја трошиш топлата вода за туширање, да им сениш пред огледалото за бричење и да го протураш преку ред своето ѓезве со кафе. Каде брза тоа дрто магаре, кога никој од него не бара да се потпише -кога му почнува денот, за да си го вади лебот?
     Но, инерцијата на навикот е понекогаш посилна и од волјата за живот. За тоа на некој начин е свесен секој пензионер, па можеби и затоа колку повеќе ти ослабнува волјата за живот сè поупорно се држиш за навикот да се одржиш во живот. Пензионерот-интелектуалец, или барем писмениот пензионер, има уште поизразити мотиви да биде таков, зашто совршено му е јасно дека сега му е мајката да постави круна на своето животно дело, односно да го доврши на достоен и достоинствен начин.
     Затоа, штом ќе отидат младите на работа, ти настапуваш на сцената. Додека бабата ги издржува внуците и внучките на нивиите посебни нокшири, ти го носиш вчерашното ѓубре до најблискиот контејнер и патем правиш доброутро со разбудените соседи. Потоа земаш едно по едно внуче со двете раце и ги поведуваш во детската градинка, кажувајќи им ги попат имнњата на маалските кучиња и објаснувајќи им ја разликата меѓу врабецот и косот. Децата го издржуваат тестот за спектрот според бојата на мачките, повеќе од колку бојата на облаците, а особен интерес пројавуваат во која куќа има дете помало од нив и во кое дуќанче има послатка мастика за џвакање.
     На враќање од градинката свраќаш во самопослугата по леб и млеко, или сол и зејтин, или чај и шеќер. Потоа, додека го






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+