Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Есеи

Макромеметика

Кон една рамка за реунификација на философијата


/22
стр. 1
Дерек Гедерер

_______________________________________________________________________

5.3 – Сосир и означувачите

     Основачот на континенталната философија од XX-от век е швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир /Ferdinand de Saussure/ (1857 – 1913). Практично непознат за време на животот, тој имаше огромно постхумно влијание, благодарение на објавувањето на забелешките од неговите предавања, одржани во1916 г., кои ги собрале двајца негови ученици. Мноштво од неговите тематски преокупации беа исти со оние на нему современите англо-американски философи: природата на јазикот, значењето и неговата кореспонденција со стварноста и.т.н., но неговите резултати беа многу поинакви од оние на неговите современици, Вајтхед и Расел. Изворно, Сосир беше компаративен лингвист кој работеше врз проблемот на еволуцијата на индо-европските јазици, но неговите подоцнежни теории имаа за цел да го истакнат синхронискиот пристап т.е. обработката на постојната јазичка структура во даден временски момент, над дијахронискиот т.е. обработка на развојот на јазикот низ временскиот тек. Сепак, голем дел од неговата терминологија останува компатибилен со меметичкиот пристап.
     Сосировата теорија кружи околу поимите „означувач“ и „означено“. Да го употребиме примерот што го дава Сарап /Sarup/ (/37/ р. 3): во случајот со јаболкото означувачот е звучната слика направена од зборот „јаболко“, а означеното е концептот на јаболкото (не, како што некој би помислил, самото јаболко). „Знакот“ во Сосировиот речник е односот помеѓу означувачот и означеното, и тој е арбитрарен, зашто зависи од договор. Претходно веќе ги изедначивме логичко-атомистичките искази и псевдо-исказите со мемите; но, во овој случај не е така лесно да се размрси коренсподенцијата. Дали мем е означувачот? или означеното? или знакот?
     Дополнителна тешкотија произведува фактот што Сосировите следбеници, структуралистите, налик на логичките атомисти, не беа посебно заинтересирани за промената. Нагласувајќи го проучувањето на структурните релации, кои постојат во еден временски момент, т.е. синхронискиот пристап, над начинот на кој овие релации се менуваат низ времето, т.е. дијахронискиот пристап, структуралистите го потиснуваат развојот до позиција на помала важност. Како што структурализмот преминуваше во пост-структурализам се појави тенденцијата да се сосредоточи повеќе врз означувачот отколку врз означеното, што се толкуваше како обид да се отстрани едно – едно коренсподенцијата помеѓу исказите и стварноста. Ова претставува значаен философски предизвик (посебно за англо-американците), но всушност тоа повеќе го доближи структурализмот до меметиката. Потенцијалната двосмисленост на Сосировиот комплексен тријадички систем на означувач, означено и знак се отстрани. За пост-структуралистите означувачот е сега доминантна единица и може да се разгледува како аналогон на мемот. Така, ја имаме „играта на означувачите“ (le jeu des signifiers), омилена на пост-структуралистичката школа позната како деконструкционисти. Процесот на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+