Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Галерија Осврти

Постмодернизмот во македонскиот филм - I дел

/8
стр. 1
Роберт Алаѓозовски

Воведни напомени

Збогум на ХХ век

     Овој есеј уште во самиот почеток се соочува со една сериозна тешкотија. Да се истражува еден стилско-формациски правец, каков што е постмодернизмот, во една т.н. национална кинематографија, дефинирана притоа и како кинематографија на мал народ, што ќе рече, со скромна годишна продукција на филмови, значи страшно да се ограничи корпусот на дела врз кои ќе се истражуваат спецификите на односната стилистика. За да се добие каква-годе нормална есеистичка структура, со колку-толку рамнотежа меѓу теорискиот и аналитичкиот габарит, можни се неколку пишувачки трикови. Или есејот отповеќе да се есеизира, или да се потскратат теориските аспекти, или да се зголеми, неприродно, корпусот на дела што би инклинирале кон постмодернистичката естетика. Веднаш би рекол дека не сум за тоа постмодернизмот да се разгледува преекстензивно, надвор од конкретниот обем на неговото пројавување. Тоа секогаш воведува непотребна збрка меѓу поимите, спецификите, теориско-поетичките модели и конвенции и на подоцнежните истражувачи им создава непотребна и дополнителна работа во расчистувањето и разлачувањето на бабите и жабите. Затоа ние овде ќе го разгледуваме постмодернизмот врз само неколку филмски дела, кои ќе ги прогласиме за експлицитно постмодернистички, а патемно ќе ги споменеме и оние филмови што во рамките на својата естетика користат некои техники или модели од широкиот спектар на постмодернистичката естетика.
    

Ангели на отпад

     Определбата „кинематографија на мали (би додал и: сиромашни) народи“ поради својот нус-ефект – еден до два филма годишно (а некогаш ни толку) – е погубна за кое било истражување од поголем опфат, како нашето. Во ситуација кога речиси сите автори синхроно поседуваат творечки потенцијал, кога прагматските услови (културна политика, културна власт) го распределуваат, повеќе или помалку праведно, материјалниот колач потребен за да се сними еден филм, тешко е еден автор да создаде каков-годе регуларен творечки опус, со сите фази и потфази, со истражување, разменување и примена на поетичките искуства, и нивно организирање, повеќе или помалку спонтано, околу одредена естетика. Поради тие причини постои страшна диспропорција меѓу категоријата време како хронолошка одредница (да се развие нечија и некаква естетика, да се направи филмски опус) и како креативна одредница (процесите на создавање, меандрирање, флуктуација, замена на естетските начела). Затоа овој текст не може, барем во овој временски рез, да биде ништо друго освен кроки за некое идно истражување кога корпусот на постмодернистички дела ќе се намножат до реално потребната количина, иако не би било изненадување тоа никогаш и да не се случи поради дискрепанцата меѓу развојот на светскиот филм, естетичките потреби на публиката и реалните, материјални, можности на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+