Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 02 | година I | април-мај, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 02април-мај, 1998
Есеи

Концепцијата на светот во македонските народни легенди

/5
стр. 1
Ермис Лафазановски

Општо гледано, концепцијата на светот во македонските народни легенди во себе го крие сето тоа што претхристијанскиот и христијанскиот религиозно-филозофски ум подразбирал под поимот свет. Таквата концепција значи, била под директно влијание на старите и големи религиозни системи како што се ирано-халдејските филозофии и космогонии, особено манихејството, кое подоцна преку ерменското павликијанство, доживеало реафирмација на своите мисловни токови и во дуалистичката филозофијата на богомилите, чии трагови се сè уште видливи и во современото христијанство. (Драгојловиќ Д., Антиќ, В. 1990).
    Во оваа смисла најмистични и секако најезотерични македонски легенди – кои по својата структура не се оддалечуваат многу од митовите – се космогониските легенди за создавањето на светот и животот, каде што поимот свет опфаќа главно дуалистички структуирани феномени како што се господ и ѓаволот, светлото и мракот, земјата и небото, сонцето и месечината, растенијата и животните, мажот и жената и др. (Саздов, Т. 1987)
    Тоа што е најсуштествено за ваквите легенди е што во нив може да се открие едно филозофско-религиозно толкување на поставеноста и заемниот однос помеѓу човекот и светот и да се долови барем приближно, одговорот на прашањето за онтолошкиот или гносеолошкиот статус на светот во однос на човекот. Се разбира дека како и во големите религиозни космогониски системи, така и во македонските космогониски легенди едно од можните решенија води кон одговорот дека човекот и светот се наоѓаат во едно нераскинливо единство, односно во процес на постојан дијалог. Дијалогичноста може да се смета за основна категорија во комуникацијата помеѓу човекот и светот. Од ова следи дека тие комуницираат врз основа на еден сопствен јазик заснован врз симболичко толкувани прашања и одговори. (Топоров,1971, 9-62)
    И додека светот му поставува најразлични прашања на човекот тој на нив одговара со симболичка интерпретација на најразлични митолошки концепти како што се: претставите за господ и ѓаволот, светлоста и мракот, светителите, свештениците, светите места (црквите), светите бракови, светото дрво и др. Со таквите симболични претстави всушност човекот воведува ред во претходниот хаос.
    Ваквиот дијалог, со посредство како на симболичкиот така и на комуникативниот јазик, можеби е најочигледен во словенските јазични системи, следствено и во македонскиот јазик. Зборувајќи за влијанието на јазикот врз православното религиозно сознание Б.А.Успенски (Успенски, Б. 1967, 159 -168) посочува неколку примери на взаемно влијание помеѓу рускиот јазик и религиозните претстави и сознанија како што се крст (крест) – Христос (Христос) – крсти или покрсти (креститЭсФ) потоа преподобни (преподобнм) – неподобен (Неподобнми), бог – богат (богатми) и.т.н. Успенски на овој начин ги бара јазичките основи и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+