Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Звук Осврти

Интервју со Џенифер Батен

/3
стр. 1
Васја Ивановски

1.  Раскажи нешто повеќе за твоите почетоци, кога започна да свириш гитара, дали тоа беше твој прв инструмент и, воопшто, кој те „запали“ за музиката?
    – Почнав да свирам гитара кога имав 8 години. Земав часови и музички се описменив. Во основното училиште исто така свирев на кларинет. Ги слушав „Битлси“ и други поп состави од тоа време, тоа беше мојата инспирација за свирење покрај фактот што мојата постара сестра имаше гитара.

2.  Дали постоеше некоја семејна музичка традиција врз која ти можеше природно да го продолжиш патот?
    – Моите родители беа љубители на музиката, но не се занимавале професионално со неа. Мајка ми свиреше пијано, додека татко ми поседуваше неколку стари гитари и колекција од околу 3000 џез плочи.

3.  Кои беа твоите најрани влијанија и дали тие го дефинираа твојот музички пат?
    – Како што реков, во почетокот беа „Битлси“, но во тинејџерските години се „навлеков“ на блуз. Свирев заедно со плочите на Б.Б.Кинг, потоа ги „запознав“ „Алман Брадерс“ и на крајот го „открив“ Џеф Бек кој од тој момент претставува сето она што за мене значи музиката.

4.  Дали си самоук музичар или некој ти помогна околу основните работи на твојот инструмент?
    – Земав часови од локални музичари подолго време насекаде каде што одев со семејството. Се запишав и на „Гитарскиот институт за технологија“.

5.  Кој период лично го сметаш како најголема сатисфакција за тебе како музичар или сметаш дека тој допрва претстои?
    – Сметам дека тој период е пред мене, секогаш постојат добри и лоши свирки, така што повеќе сум свртена кон иднината.

6.  Кои беа, доколку имаше такви, твои гитарски идоли и зошто?
    – Б.Б.Кинг, Дјуен Алман. Го сакав нивниот тон и чувството, потоа се случи Џеф Бек. Од него слушнав неверојатни звуци кои успеа да ги извади од гитарата, нешто дотогаш нечуено. Неговото чувство е толку супериорно во однос на останатите, додека оригиналноста и креативноста се инспиративни.

7.  Кои се твоите омилени музичари во моментот, не мора да бидат од гитарската бранша?
    – Додека слушам, одам низ радикални фази. Во моментот работам промоција на „Вошберн“ гитари, акустичен модел МВ300 така што многу ги слушам Мајкл Хеџис и Адријан Лег. Исто така сакам нешто од европската техно музика како „Продиџи“ и „Тектоникс“ на Адан Фриленд.

8.  Можеш ли да ги кажеш твоите 5 албуми за пуст остров?
    – Два албуми од Џеф Бек: „Озвучен“ и „Удар по удар“, потоа „Така“ на Питер Габриел, првиот албум на „Дип форест“ и „Заминат господин“ на „Ведер рипорт“.

9.  Имаш настапувано на иста сцена со многу познати музички имиња, постојат ли некои






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+