Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Звук Осврти

Само еднаш во животот?!

Концерт на Дејвид Брн во Скопје


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

     Наоружан со шармот на еден њујорчанин, со убав смисол за шега и со кредит од минатото кој вели дека Дејвид Брн е првоборец на музичката револуција од крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, тој на „Оф-фест“ воедно дојде како една од најголемите и најкомерцијалните светски ѕвезди (заедно со “Екс-прес 2” и ремиксот на неговата “Lazy” се некаде при врвот на топ листите ширум планетата Земја) која дефинитивно извонредно котира и кај т.н. љубители на пософистицираните уметнички форми. Ова претпоставуваше однапред (во последните два дена беше вистинска среќа да се најде влезен билет за концертот), распродадена сала, што досега не се случило години (дури и децении) наназад. Дури, Универзална до толку беше полна што во еден миг се чинеше дека може да се распадне како кула од карти и градов да остане без единственото „пристојно“ место од затворен тип за концертни случувања.
     Инаку, разбирливо е што Скопје капитулира безмалку по првиот риф од гитарата на култниот херој. Или, можеби сето тоа се имаше случено пред нешто повеќе од две децении кога овој беше најистурената личност во незаборавните „Токинг хедс“ и само се чекаше моментот да се случи средбата за да се распостeлат емоциите. Како и да е, наоѓајќи се пред приврзаници расположени за добра забава, Брн и членовите на неговиот придружен бенд (Пол Фрејзер – бас, Шон Пелтон – тапани и Мауро Рефоско – удиралки, музичарите со кои го сними и поголемиот дел од својот актуелен албум “Into the Eyeball”) започнаа да ја креираат атмосферата на дозирана енергија и софицистирана креативност. Инаку, понудата беше сочинета не само од пробраните песни од неговите соло албуми (како последниот, “Rei Momo”, “The Forest”, “Uh-Oh”…), туку и на голема радост на разиграната толпа и од класичните теми кои го чинат славното минато (како на пример високооктанската “Once In a Lifetime”). Во поголемиот дел од концертот Брн и компанијата беа придружувани од гудачкиот секстет од Остин, Тексас, кој го следи на претстојната турнеја, со што мисионерот и на овој начин го потенцира фактот дека за концептот што го развива во времево на синтетизирани звуци не се пресудни електронските помагала туку топлата боја на акустичните инструменти, динамиката на чувствата и луѓето – креативците кои имаат музичка мисла и креираат музика.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+