Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Звук Осврти

Серенади за љубовта

Концерт на Сесарија Евора во Скопје


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

     Поубаво затворање на првиот „Оф-фест“ зад кој со својот авторитет на докажан промотер застана „Скопскиот џез фестивал“, манифестацијата чии претензии дефинитивно се да стане традиционална, веројатно и не можеше да се посака. Љубителите на убавата музика, во средата навечер, на 19 јуни годинава, во вжештената (треба ли да кажеме и преполна) Универзална сала во Скопје, ја имаа привилегијата да го проследат концертот на ненадминатата Сесарија Евора, едно од најпознатите и најкомерцијалните имиња на т.н. „светска музика“.
     Босоногата легенда, која во моментов ги одработува концертните настапи од актуелната европска турнеја по обелоденувањето на албумот со најголемите хитови, на сцената се појави со својот оркестар од 12 инструменталисти, врвни мајстори на својот занает и луѓе во чии вени силно пулсира музиката на Зелено’ртските острови. Од таму, разбирливо е што само по првите отсвирени тактови на музиката за која можеме да кажеме дека ни е нам блиска по емотивноста и топлината што ја носи, автоматски беа урнати сите огради и публиката ја пречека Евора онака како што прилега – со нескриено воодушевување. А, таа пак, започнувајќи го разложувањето на својот стандарден концертен репертоар, инаку, составен од најуспешните нумери од албумите “Cesaria” (1975), “Cabo verde” (1997), “Mar Azur” и “Café Atlantico” од 1999 и посебно минатогодишниот “Sao Vincente Di Longe”, едновремено ги воведе присутните во сторијата за традиционалниот стил „морна“ – музиката која силно асоцира на островите и комбинира западноафрикански ритмови со португалски гитарски мелодии, бразилски призвуци и британски морнарски напеви, во атмосферата во која сè е потпрено на емоциите и ритамот кој лежерно (нека биде и сензуално) го раздвижува телото. Притоа, наспроти бремето на годините и професионализмот што го налагаат децениите во бизнисот, Сесарија многу мудро диригираше со расположението, во ниеден момент не заборавајќи дека заради непознавањето на јазикот и не смее да си дозволи експерименти во комуникацијата. Согласно, сè беше подредено на суштината на музиката и нејзината верна репродукција. Се редеа хитовите еден по друг, за во еден момент пејачката да си дозволи да остане само со клавиристот на сцената (идејата веројатно беше да нè пресели во природниот амбиент на зачадените крчми во Кабо Верде) и да го има единствениот кикс на концертот. Започнатата балада се престори во само нејзе поимлива „шега“, но за среќа многу брзо на сцената се вратија музичарите од оркестарот и нештата попримија поинаков тек. Го бележиме и креативниот врв на концертот изведбата на прекрасната “Serenata de amore “, за сè да кулминира со фуриозната изведба на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+