Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Звук Осврти

Интервју со Дејвид Брн

„Работам по инстинкт“


/5
стр. 1
Ненад Георгиевски

Дејвид Брн е уникатна фигура во современата музика. Заедно со Talking Heads тој е одговорен за некои од најинтересните албуми воопшто, мешајќи рок, диско, фанк, афро-бит. Неговата соло кариера ја следи истата онаа експериментална траекторија по која и ТH чекореа додека неговата издавачка куќа Luaka Bop го следи неговиот интерес за африканската музика и нејзините мутации и хибриди. Во моментов синглот Lazy во соработка со X-Press 2 се наоѓа на врвот на многу топ листи, но од сè најважно е што на 12 Дејвид Брн настапи во Скопје, како дел од турнејата Lazy Eyeball Tour 2002.


    

НГ: Во 1988 Вие ја основавте Luaka Bop, независна издавачка куќа, која промовира музичари од регионот наречен Афропеја. Дали можете да ми кажете што значи Luaka Bop како и што означува Афропеја?

ДБ: Афропеја е, се разбира, еден виртуелен континент. Неговата физичка локација е Европа но неговиот етос и ставови се европски помешани со африкански сензибилитет. Не сите делови од Европа се дел од овој континент, а и некои делови поголем период биле дел од него во однос на  останатите, но сите ги собираат плодовите и се под влијание на овој невидлив континент. Влијанието на културата на Јамајка врз Британската е очигледно, комбинацијата на Француската и Белгиската култура во Конго, Западноафриканските и Арапските култури се исто така очигледни а меѓу Шпанија и Северна Африка со векови имало мешање на културите… и како што бројот на овие хибриди се зголемува така од друга страна нивното влијание се зголемува во околните земји… а понекогаш ги преминува и океаните и морињата.

НГ: За тие кои никогаш претходно не слушнале за Luaka Bop и нејзините изданија, или за тие кои не ги познаваат музичарите од регионите кои Вие ги промовирате или ги посочувате, што би препорачале за прво слушање?

ДБ: Од време на време, ние објавуваме семплери од нашите изданија. Едно од последните такви семплери е Zero Accidents On The Job, двојно цеде кое се продава по цена од едно. Исто така, на нашиот веб сајт www.luakabop.com може да се најдат музички записи кои можат да се даунлодуваат или стрим аудио извадоци од повеќето наши изданија. Во моментов можам да ги препорачам Сузана Бака, перуанска вокалистка и Los De Abajo, мексикански бенд кои во моментов се на турнеја низ Европа и Северна Америка.

НГ: Кои беа Вашите први замисли за тоа како треба и како не треба Luaka Bop да изгледа?

ДБ: Во почетокот немав некаква одредена цел. Едноставно бев воодушевен






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+