Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Театар Теорија

Анимирајќи го Античкиот театар преку компјутерска графика

Разговор меѓу Сали Геч од Универзитетот Ворвик, Англија и Стефан Дидак, Анимеџик, Холандија


/3
стр. 1
Геч и Дидак

Сали Геч – Кога првпат го видов предлогот на Анимеџик за дизајнерите, toolkitот ме запрепасти, не толку неговата очигледна корисност за сцената и осветлителите колку како средство за учење и истражување на Античкиот театар.
    
    Стефан Дидак
– Ова што го рековте ни даде идеја дека можеме да го збогатиме стандардното мени за да се добие поопстоен преглед што значи движење по разните делови од сцената, придружните елементи и тн.
    
    Сали Геч
– Оние што ги практикуваат Грчките и Римските изведувачки уметности работат најпрво со симулации, претпоставки и реконтрукции имајќи го предвид фактот дека трагите за античката изведбена уметност се фрагментарни. Дводимензионалните модели и археолошките планови што се користат од предавачите често збунуваат визуелно иако не збунуваат толку колку Театарот на Дионис во Атина. И хипотезите за тоа како функционирала сценската машинерија, како што е кранот и ekkyklema се многу незасновани како резултат на немањето средства за експериментално градење.
    
    Стефан Дидак
– Една од најважните задачи на компјутерската графика е да прави визуелизациии и анимации што не можат да се испробаат под нормалнии услови поради како што веќе рековте недостаток на средства. Постојат бројни примери во нашата практика, компјутерската графика да ги има убедено инвститорите да обезбедат средства за проектите. Симулациите направени најчесто за офшор компании доведоа до нови идеи за конструирање бродови и во глобал а и во деталите. Дизајните што ние ги направивме потоа беа преформатирани во други формати и беа искористени од фирма специјализирана за структурни анализи. Оваа компанија потоа ги тестираше носечките столбови на дизајнот и конструцијата за да види дали е сигурен според индустриските стандарди и дали е возможна од градителски аспект. Истото ова се однесува и за реконструкцијата на античкиот театар.
    
    Сали Геч
– Високотехнолошките и  професионални 3Д анимации со поддршка за размени на формат фајловите со системи како AutoCAD можат да го изменат сето ова.
    
    Стефан Дидак
– Да. И AutoCAD има најдобри индустриски стандарди за размена на фајлови кога се зборува за дводимензионални и тродимензионални модели.
    
    Сали Геч
– Можеме да ги внесеме (хипотетичните) димензии на ТДА и да создадеме тродимензионален модел што можеме да го ротираме за да ги покажеме перспективите на гледачите и на актерите, и да ги тестираме гледиштата на различните позиции на  cavea. Можеме да создадеме оригинална логистика за хорската изведба.
    
    Стефан Дидак
– Ова е едно менијата што нема да го внесеме во toolkitот за што системите како AutoCAD, 3D Studio веќе ги имаат во себе.
    
    Сали Геч
– Ако toolkitот овозможува звук тогаш можеме да ја синтетизираме






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+