Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Театар Осврти

Брехт, нашиот (Пост-) Современик

Рецензија на: Фредерик Џејмсон, Брехт и методот. Лондон и Њујорк: Версо, 1998


/8
стр. 1
Стивен Хелмлинг

     Делото на Фредрик Џејмсон буди стравопочит од многу причини. Покрај неговата апсолутна волуминозност, тешкотијата на темите и неговиот озлогласен исцрпувачки прозен стил, тука е и широкиот спектар на културен материјал што тој го обработува. Ништо културно не му е туѓо на Џејмсон, како што Колин Крејб има кажано (овој цитат е ставен и на корицата на книгата Брехт и методот). Еден од стожерите, условно, на Џејмсоновиот енциклопедиски зафат е програмското обестрастување во однос на неговиот предмет, едно одбегнување или одрекување од полемика изведено толку незабележливо што на многумина читатели им се измолкнува. Делото на Џејмсон не остава никого рамнодушен, но методите на истражување што тој ги спроведува оставаат отворени можности што полемичките размислувања, за кои единственото прашање е за-или-против, по својата суштина ги оневозможуваат.
     Како и да е, низ она што Тери Иглтон го нарече Џејмсовиот „чудно обестрастен“ корпус (74), постојат пасуси на потопли чувства, кога Џејмсон зборува за фигури што тој самиот ги обожува-Хегел, Хајдегер, Барт и Гисинг. Тој и самиот го признава тоа во самите книги; така постои специјална категорија или жанр во неговиот опус, кој, без да се изгуби критичката мера, функционира како пофалба или омаж на писателите што му се особено важни. Таков пример е неговата прва книга, за Сартр; Марксизам и Форма, исто така ги слави канонските фигури на Западниот Марксизам (и го претпоставува Сартр во нивно друштво). Постуден, но со очигледна почит, е прегледот Затвор за јазикот (страниците за Барт и Лакан се посебно топли); Доцен Марксизам претставува повторно објавување и проширување на Адорновото поглавје од Марксизам и Форма. Најконфликтен, и со тоа најинтересен е случајот со книгата за Виндам Луис, во која Џејмсон се залага за книжевно достигнување во рамките на политиката што тој ја претпочита.
     Брехт и методот
припаѓа на оваа специјална категорија на Џејмсоновите „пофалби“ или омажи. И уште повеќе, ова негова книга припаѓа во еден уникатен жанр-зашто според мене тоа е најнеобичната книга во опусот на Џејмсон. Писмото на Џејмсон и покрај неговиот тежок стил и споменатата обестрастеност, отсекогаш било многу драматично: тоа предизвикува постојана нелагодност во поглед на амбициите и можностите на критиката, револуцијата и социјализмот, нивниот евентуален успех или неуспех, отелотворен во неговите сопствени „дијалектички реченици“ како хронична самосвест за успехот и неуспехот, на неговиот сопствен неуспех. Неговата тема, без оглед на тоа дали е проблем или фигура, недвосмислено претставува модел на нашето (ваше, мое, на Џејмсон, на секого) заглавување во затворот на „идеолошката затвореност“ и на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+