Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 27 | година V | јули-август, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 27јули-август, 2002
Театар Текст

Р

Драмски сон со стрелање во азбука во 15 слики


/4
стр. 1
Јордан Плевнеш

_______________________________________________________________________

Лица

МАКСИМ БРОДСКИ, син и актер во Народниот театар, затвореник во својот јазик
    АВРАМ, татко и Дух, учител и народен непријател, стрелан на Р.
    АРНА, мајка
    КАТЕРИНА, жена на М. Бродски, археолог
    АВРАМСИНОТ, син на синот
    ЈАНА, ќерка на синот
    НАУМ, искушеник на Исус, брат на М. Бродски
    СЕРАФИМ ПРОДАНСКИ, професионален револуционер, во пензија
    СЛОБОДАНКА ПРОДАНСКА, негова жена
    МАРГАРИТА ВЕТЕРОВА, актерка љубовница на М. Бродски
    ДИРЕКТОР НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР
    ПОЖАРНИКАР
    НОВИНАР
    МАРИЈА МАЛОН, водителка на Фестивалот „Актерот на Европа“

Гости во пиесата:
    АЛЕКСАНДАР ПЕТРАЖИЦКИ, актер на МХТ, Москва
    АТИЛА РЕМЕЊИК, актер на УНТ, Будимпешта
    ХАРОЛД МИЛТОН, актер на Олдвик, Лондон
    ПАТРИК ЛОРИ, актер на ТНП, Париз
    БОГДАН КАМИЕНСКИ, актер на Театар Драматични, Варшава
    СТЕФАН МИЛЕР, актер на Шаубине ам Халешен ифер, Западен Берлин

I. Полноќ. Народен театар. Празна сцена.

     МАКСИМ БРОДСКИ: (Сам, со пластично бело јаже, периката од Робеспиер, црна вреќа за губре, шише црвено вино и леб во хартија. Проба.) „Што се случува овде граѓани!? Крв треба да прска на сите страни!!! Го чекавме само крикот на негодување што одекнува од сите страни за да проговориме. (Ја става периката, го одвиткува лебот.) И ние навистина можеме да се запрашаме, кој всушност го опљачка народот!?“ (Очаен од начинот на интерпретацијатa на текстот, се враќа назад. Јаде.) Не може вака, идиот, треба одвнатре!!! (Повторно тргнува.) „Кога ги гледаме народните законодавци како парадираат со своите пороци и со сиот луксуз на некогашните дворци, како тие маркизи и грофови на револуцијата се женат со богати жени, приредуваат раскошни гозби, се картаат и држат слугинки и носат скапоцени облеки…“ (Пие.) Престани!!! Ништо!!! Празно!!! „Нема договори, нема примирје со оние што го ограбија народот и што се надеваа дека без казна ќе го извршат тој грабеж! (Остава сè што носи на празната сцена. Ја бара страницата од „Дантоновата смрт“.) Со оние за кои Републиката беше само шпекулација а Револуцијата обрт на капиталот“! (Пали цигара. Седнува на празната сцена.) „Бројот на ништожниците не е голем. Треба да се испосечат само извесен број на глави и татковината е спасена!“ Ништо!!! Празно!!! (Игра со чадот.)
    
     (Влегува во беспрекорна униформа дежурниот пожарникар на Народниот театар.)

     ПОЖАРНИКАРОТ: Ве молам Бродски, под итно да ја угаснете цигарата…
     МАКСИМ БРОДСКИ: Бегај да не те гледам! Ќе те убијам! Под итно! Брзо, брзо, брзо!!!
     ПОЖАРНИКАРОТ: (Излегува.) Добро. Ќе видиме!
     МАКСИМ БРОДСКИ: Не. Не можам. И нема да одам! (Ги собира реквизитите.) Не одам! И каков е најпосле тој јазик!? Што се случува овде граѓани!? Ништо. Па таму со јазик ќе те убијат, знаеш или не!?! Друго е кога ќе






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+