Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Поезија

Приказни за Нана

Препев од англиски: Игор Исаковски


/4
стр. 1
Ханјонг Џеонг

Приказна за Нана – 1
Приказна за Нана – 2
Приказна за Нана – 3
Чист крај

_______________________________________________________________________

Приказна за Нана – 1

Жената што живее во цвеќарницата – попрецизно, на плантажата за ружи, жената која  малку посветла од латиците на ружата „Сепија“, жената која се смее повесело – гласот бледнее на крајот, жената која го покажува својот долг врат со уредната црна коса, жената која има грациозна облина, жената која се разоткрива но никогаш потполно, жената која ја крие тагата во длабочината на умот, жената која ја отфрла тагата и врз неа длаби лик на ружа, па двапати ја превиткува и ја праќа по пошта, жената која верува дека „љубовта е избор“, жената која e сама по многу избори, жената која низ самотијата ги слуша временските бранови, жената која се претвора во сина пупка при допирот на огнот со нејзината рана, меко и исправено.

Во цвеќарницата, живее мачето Нана.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+