Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 02 | година I | април-мај, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 02април-мај, 1998
Критика

Живеење само една љубовна приказна и после смртта

или: Рецептот како љубовно писмо


/17
стр. 1
Јадранка Владова

Романот на Лаура Ескивел „Како вода за чоколада“ е вистинско откритие кое фасцинира на повеќе рамништа. Авторството, но и структурата на романот во кој се сугерира женска визура во гледање на светот, го реактуелизира, можеби, малку подзаборавениот проблем на женското писмо. Иако е далеку од умот да се прифати дека на рамништето на дискурсот постои можност да се определи полот на авторот ако тој не е означен, сепак, и покрај тоа што не постои машко писмо, мораме да се соочиме со нешто што би можеле да го наречеме и еманципација на женското авторство кое може и историски да се лоцира со својата засилена самосвест. „Јулија Крстева, која не ја признава поделбата на женско и машко писмо, истакнува две категории кои ги препознава како заедничко својство на женските текстови: од една страна, станува збор за отфрлање на строгата, кохерентна, логички насочената структура, па според тоа и за несогласување со строгата, видлива композиција. Жената не се чувствува добро во системот осмислен со рациото. Таа му дава предност на фрагментот, на слободната и привидно дури некохерентната композиција. Секако, ова својство кое го истакнува Јулија Крстева не е привилегија само на ’женското писмо’, го наоѓаме во постмодернизмот и кај писателите какви што се еден Ролан Барт, Бланшо или Солерс. (…) Женското писмо го карактеризира, пред сè, голема метонимичност, потребата да се каже помалку отколку што всушност се вели, своевидна аскеза, семантизација на сите рамништа. Анализирајќи ги настаните на рамниште на знакот, Јулија Крстева вели дека знакот во жена секогаш кажува помалку отколку што вели, дека секогаш е под рамништето на изразноста, дека секогаш навестува, дека е литотичен.“ (Поповиќ-Перишиќ, 1988: 49)
    Романот на Лаура Ескивел започнува со мотото: Поканата за на трпеза и за в кревет, важи само еднаш и никогаш веќе, кое можеме да го сфатиме и како цитирана народна мудрост (за што немаме посигурни аргументи на кои категорично можеме да се повикаме), но и како досетка на авторката која полемизира со сопствениот дискурс, особено со делот кој во структурата на романот се однесува на љубовниот заплет. (Љубовната приказна во романот, всушност, не е изградена врз основа на таквата исклучивост, врз категоричната ултимативност, туку, напротив: таа се гради врз основа на мотивот за бескомпромисната, вечната, пожртвуваната љубов. Но, оваа поговорка за строгата временска детерминираност на можната реализација на идеалната, или само – на двонасочната љубов, можеме и да ја прочитаме врз фонот на т.н. Трагична иронија на судбината, во која жртви се обете страни во






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+