Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Проза

Мојот маж

/3
стр. 1
Давид Албахари

     Денеска е петок. Од понеделникот наваму, мојот маж, секој ден по враќањето од работа, останува да седи во колата паркирана пред нашата куќа. Седи без движења, и само понекогаш ја наведнува главата, го спушта челото на работ од воланот.
     Седи сè подолго и подолго. Во понеделникот излезе од автомобилот веќе после петнаесет минути; во средата се задржа речиси цел саат. Сега надвор светат уличните светилки а тој, темна силуета, и понатаму седи.
     Првиот ден, кога влезе во куќата, со дланка му го допрев образот. Не го крена погледот. После веќе не го допирав, ништо не го прашував. Бев трпелива. Кога легнавме, ја кренав ноќницата сè до брадата, му се приближив и го обвив со голите нозе. Ја завлече раката меѓу моите нозе, како и секогаш, но знаев дека прстите всушност му се наоѓаат на некое друго место.
     Минатата недела, во нашата улица, во една од соседните куќи, открија мртва жена. Нејзината сосетка повикала полиција бидејќи мачките во куќата на мртвата жена, за која тогаш никој не знаеше дека е мртва, не престануваа да мјаукаат. Кога ја скршија вратата, мачките истрчаа надвор. Жената ја најдоа на подот во спалната соба, крај креветот.
     Вчера се сетив на тоа. Помислив дека помеѓу таа смрт и однесувањето на мојот маж постои некоја врска, но набргу се откажав од обидот да ја најдам. Не е лесно да се мисли на нечие умирање, без оглед на тоа што ниту јас ниту тој не знаевме како таа жена изгледала.
     Мачките останаа во дворот. Понекогаш доаѓаат зад нашата куќа, ги кинат кесите со ѓубре, вадат отпадоци.
     Не знам веќе колку е саат. Мојот маж и понатаму седи во колата, делумно осветлен од светлоста на уличната светилка. Ако наскоро не излезе, ќе му однесам ќебе. Кога се доселивме овде, јаболкницата пред куќата беше во цут, но сега е есен, гранките се голи, ноќите се студени, само облаците се трупаат на небото.
     Тогаш помислувам на соседите. Сигурно забележале што се случува деновиве пред нашата куќа. Секогаш, и онака, сè забележуваат. Навечер седат во темнина, дење се кријат зад завесите, и набљудуваат низ големите прозорци. Не знам, всушност, што очекуваат да видат. Наутро, пред девет, по улицата минува поштарот. Напладне, во вторник и во петок, еден младич, Кинез, уфрлува рекламни листови во поштенските сандачиња. Во четири попладне, во работните денови, веројатно после училиште, еден постар човек и едно девојче со мал ранец на грбот влегуваат во соседната куќа. Во сабота






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+