Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 28 | година V | септември-октомври, 2002



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 28септември-октомври, 2002
Есеи

Зен во јапонските уметности

/8
стр. 1
Драшко Митриќески

     Според будистичките преданија, еден ден Буда влегол во салата каде собраните монаси ја чекале лекцијата и, без да зборува, кренал еден цвет. Монасите се збуниле. Само Кашјапа се насмеал на што Буда го потврдил неговото просветлување. Зен будистите веруваат во вистинитоста на оваа приказна и тврдат дека во тој момент Дармата (Учењето) била пренесена од Буда на Кашјапа. Затоа го сметаат Кашјапа за нивниот Прв Патријарх и основач на традицијата. Но, што разбрал Кашјапа? Ова прашање е особено тешко да се одговори. Дури и Пол Вилијамс, еден од водечките авторитети за Махајана Будизмот, вели, „Што разбра Кашјапа, јас, всушност, не знам!“ (113). Зен Будистите инсистираат дека учењето се пренесува надвор од канонизираните списи, дека не е поврзано со книги и зборови. Ова тврдење ја прави  дискусијата за Зен речиси невозможна. Сепак, не е невозможно да се покаже на него. Се разбира, би морала да биде дадена напомена дека, во најдобар случај, објаснувањето ќе служи само како прст кој покажува на учењето но не е самото учење.
     Со цел да посочам на Зен, односно, да објаснам индиректно што е Зен, би сакал накусо да се осврнам на неколку будистички доктрини кои повлијаеја на него и да прокоментирам неколку артистички изрази на Зен мајстори.
     Во која било форма на Будизам клучниот проблем е страдањето а основната цел е неговото елиминирање. Затоа, би сакал да разгледам три доктрини (или, подобро, еволуцијата на една доктрина во три етапи) со фокус кон разбирањето за раѓањето на страдањето и најдобриот начин за негово елиминирање. Пред сè, Зен е дел од едно движење во Будизмот кое под заедничко име се нарекува Махајана. Еден од клучните концепти на сите Махајана Школи е доктрината за шуњата, т.е. празност. Оваа доктрина е за првпат развиена во литературниот корпус познат под заедничко име – Праџњапарамита, што значи – Совршена Мудрост. Муламадјамикакарика (Основни стихови за Средниот Пат), дело на будистичкиот монах од вториот век, Нагарџуна, претставува филозофска сума на Праџњапарамита литературата а доктрината за шуњата е со него поставена на централно место. Доктрината на шуњата, накусо, вели дека ниеден феномен нема независна егзистенција. Но, тоа значи – буквално ниеден феномен, вклучувајќи ги умот, просторот, Буда, нирвана, па дури и самата шуњата. Дистинкцијата која овде треба да се има на ум е дека шуњата не значи непостоење. Таа само значи отсуство на независна егзистенција односно, на суштина. Во согласност со оваа доктрина, слободата, т.е. нирваната, не е реалност надвор од светот на феномените






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+